Google Maps JavaScript API v3 Example: Map Ads Unit

7e3635652477c2de5a94e903ddb6e90f

Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 

Во среда (27 септември 2017 година) во нашето училиште беше одржана манифестација по повод Европскиот ден на јазиците, а со цел истата да прерасне во една традиција.

evropskidennajazici 18.jpg - 320.98 Kb

 

Во манифестацијата зедоа учество учениците од нашето училиште, СОУ „Ѓорче Петров“ и од ООУ „Јоаким Крчовски“.

Истакнувајќи ја важноста на изучувањето на странските јазици, а воедно и спознавањето на мултикултурноста која постои во Европа, учениците, претходно подготвени од своите предметни наставници, се претставија со неколку точки, како цртање, пеење англиски, француски и италијански песни, мултијазичен скеч, ритмички точки и рецитали, откако директорката Виолета С. Станојковска ги поздрави присутните со краток говор.

Настанот беше поддржан од Францускиот институт во Скопје и директорите на двете училишта, а во организација на оваа манифестација се најдоа професорките по француски јазик: Елена Ѓорѓиевска, Сашка Младеновска, Мимоза Ивановска и Елена Николовска, кои беа почестени со присуството на градоначалникот Арсенчо Алексовски.

evropskidennajazici 5.jpg - 64.74 Kb

evropskidennajazici 12.jpg - 52.79 Kb

evropskidennajazici 11.jpg - 52.83 Kbevropskidennajazici 13.jpg - 50.27 Kb

evropskidennajazici 14.jpg - 57.42 Kb

Манифестацијата помина во најдобар ред и беше проследена со мини коктел и пријатна музика.

 

 

Прирачник за наставниците за животни вештини во средно образование

Линкови за превземање
Прв дел
Втор дел
Трет човек
Free Joomla Templates by JoomlaShine.com