Презентација на Градежен факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј – Скопје
На ден 25.12.2023г. д-р Митовски Стевчо ,професор на Градежниот факултет од Скопје, на матурантите од нашето училиште им ги презентираше програмите за додипломски студии што ги нуди Градежниот факултет. Им објасни на учениците кои насоки ги нуди факултетот и имаше продуктивна дискусија.
Интересот кај учениците беше забележителен.
Благодарност до професорот , нашиот драг сограѓанин, за одвоеното време!
- Published in Останато
„Петарди не, безбедноста пред сѐ“
Кампањата “Петарди не – безбедност пред сè“ се спроведе и кај нас. Лекарите д-р Марија Крстевска и д-р Ангела Марковска и студентката по медицина Глорија Стојковска заедно со претставници од МВР, одржаа предавање на 25.12.2023г. (понеделник) на учениците од прва и трета година од нашето училиште.
Ентузијазмот и поддршката од средношколците за да направат промена се инспирација за оваа кампања и се надеваме дека пораката ќе допре до секој ученик и секој родител за да заеднички ставиме крај на опасностите кои се кријат позади примената на петарди и пиротехнички средства. Ви благодариме што и оваа година го избравте нашето училиште за Вашата кампања.
- Published in Останато
Хуманитарна акција – Секој заслужува да има богата трпеза за празниците
Не е важно колку работите, важно е колку љубов внесувате во тоа што го правите. Тоа го докажаа и учениците од угостителско-туристичката струка кои здружија сили со учениците од природно-математичката паралелка за да помогнат на ученици од социјално ранлива категорија. Вака, тие сакаат да ги мотивираат своите врсници да прават добри дела. Она што посебно не радува е тоа што учениците се хумани и имаат развиено чувство за емпатија.
Да продолжиме си помагаме и да го негуваме другарството!
Благодарност до Радио Слободна Европа што ја документираше оваа акција!
- Published in Останато
Деветта ораторска вечер во нашето училиште!
Нашите сограѓани имаа можност да ги слушнат осумте оратори, кои имаа многу нешта да ни порачаат, интерпретаторите во изведба на „Писмото до внуката Калина” од еминентниот драмски писател Горан Стефановски и училишниот хор. Чест и задоволство ни беше што нашиот специјален гост, еден и единствен Ајдин Османовиќ ја отвори вечерта. Како и секоја година најтешката задача беше оставена на жири- комисијата – да ги избере најдобрите оратори меѓу најдобрите. И покрај тешката одлука, жири- комисијата за топ 3 оратори ги избра:
1 место: Маја Тасевска – IV 1 паралелка
2 место: Ева Новкова – IV 2 паралелка
3 место: Ана Велковска – II 5 паралелка
Благодарност до градоначалникот г-дин Сашко Митовски што не’ поддржа и оваа вечер.Честитки до сите кои дадоа придонес оваа вечер да биде величествена!
- Published in Македонски јазик и литература, Останато
Акција за пошумување!
Околу стотина ученици придружувани од професорите Гордан Стојановски и Стефани Давидовска беа дел од акцијата за пошумување на опожарени површини во атарот на село Т’лминци. На истата беа засадени 3.000 садници црн бор. Акцијата ја организираше Извидничкиот одред од Крива Паланка “Наум Наумовски Борче” во рамки на проектот ,,Боренка” со поддршка од општина Крива Паланка и UNDP. Освен извидници на ИО “Наум Наумовски Борче” на акцијата се приклучија и Сојуз на извидници на Македонија; вработени од Јавното претпријатие “Македонски шуми”; ПШСВ “Осогово”, Крива Паланка и еколошкото здружение “Осоговски акцијаши”.
- Published in Останато
Teen-тим истражува
Од ноември оваа година во нашето училиште започна со работа новинарскиот клуб Teen-тим во кој членуваат околу дваесетина ученици од прва, втора и четврта година.
Денес нашите новинари имаа работилница со г-ѓа Ирена Белешковска, дописник на МИА за креирање на медиумски содржини. Работилницата се реализираше во Европска куќа – Крива Паланка. Се дискутираше за новинарството како професија и за актуелните теми, но исто така учениците имаа можност да учат од искусен новинар.
Голема благодарност до Ирена Белешковска за поддршката и споделеното искуство!
- Published in Останато
Запознавање на средношколците со војничката професија
На ден 07.12.2023г. претставници на Армијата на Република Северна Македонија и Министерството ги запознаа нашите ученици со војничката професија. Со цел
популаризација на воената професија учениците беа информирани за можностите што ги нуди војничката професија; за условите за прием на служба во Армијата како и за прием на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје.
- Published in Останато
Саем за кариерно советување и насочување
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност оваа Година на вештини, покрај големиот број на активности кои ги реализираше, периодов организира саеми за кариерно советување и насочување.
Саем за кариерно советување и насочување на учениците во основните училишта преку мрежата Еврогајденс се реализираше на 05.12.2023г. во Europe House Kriva Palanka, каде што беше промовирано и нашето училиште.
Нашиот штанд го претставуваа професорките Ивана Станковска и Гордана Стојковска со ученичката Ева Новкова.
- Published in Останато
Државен натпревар по француски јазик
На ден 2.12.2023 год се одржа државен натпревар по француски јазик – спелување. Натпреварот се одржа во ООУ Димитар Миладинов во Скопје . На натпреварот учествуваа и успешно се претставија нашите ученици Матеј Мицевски, Филип Стојановски и Леа Симонова од II година.
- Published in Останато, Странски јазици