Млади поети
Ученици од нашето училиште се вклучија со свои творби во проектот на Агенцијата за млади и спорт кој опфаќа напревар во пет различни категории: сликарство, скулптура, графика, графички дизајн
и фотографија, во две одделни групи, млади од 15-20 години и 21-29 години.
“Млади поети” е еден од проектите кои имаат за цел да ја поттикнат поетската кретивност на младите.
Нашата ученичка Сара Ристовска, под менторство на проф. Елена Јакимовска, освои втора награда со творбата под наслов ’’Со тебе ноќите се пократки”.


И посакуваме уште многу успеси во иднина!
- Published in Македонски јазик и литература
Новогодишен хепенинг
Предновогодишната еуфорија започна во нашето училиште!
Училишната заедница при СОУ „Ѓорче Петров“ заедно со наставниците организираше новогодишен хепенинг пред крајот на првото полугодие. Се одржаа низа активности од забавен карактер кои резултираа со многу насмевки и среќни лица.
Среќни новогодишни и Божиќни празници!
Нека секој миг од новата година ви биде исполнет со добро здравје, љубов и бериќет!
- Published in Останато
Запознавање со ИТ технологии во воспитно-образовниот процес
- Published in Останато
Учениците од прва година дел од кампањата „Не дозволувајте петардите да ви ги уништат празниците“
- Published in Останато
Зонски натпревари во кошарка
На 22.12.2022 во организација на ФУСМ и СУСКП Крива Паланка се одиграа зонски натпревари во КОШАРКА за средни училишта. Нашите ученици повторно се меѓу првопласираните!
Во машка конкуренција:
1 место: СОУ „Перо Наков” – Куманово
2 место: СОУ „Ѓорче Петров” – Крива Паланка
3 место: СОУ „Кочо Рацин” – Свети Николе
Во женска конкуренција:
1 место: СОУ „Ѓорче Петров” – Крива Паланка
2 место:СОУ „Наум Наумовски Борче”- Пробиштип
3 место: СОУ „Наце Буѓони” – Куманово.
Екипата на СОУ „Перо Наков“ ,, од Куманово во машка конкуренција и екипата на СОУ „Ѓорче Петров” од Крива Паланка во женска конкуренција како победници на зонскиот турнир се учесници на регионалните натпревари -Исток. Женската екипа на СОУ „Ѓорче Петров“ е актуелен државен првак и балкански вицешампион.
Им честитаме на победниците и им посакуваме успех на претстојните натпревари што ќе се одржат во второто полугодие1

- Published in Спорт
Хуманитарна акција под мотото: Нашето малку, некому значи многу!
Училишната заедница со помош на вработените при СОУ „Ѓорче Петров“, одлучија да организират неколку настани со цел да им се помогне на граѓаните од социјално-ранливи категории.
1. По повод 3 Декември- Меѓународен ден на лицата со попреченост, претставниците од Училишната заедница при СОУ Ѓорче Петров ги посетија лицата од Дневниот Центар во нашиот град.
Тие рекоа да бидеме секогаш тука за сите лица со попреченост, заедно да работиме, твориме, да ги поддржиме и мотивираме секој ден, а не само на Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Ги вклучија и локалните компании за да можат да им направат новогодишни пакетчиња. Благодарност до сите компании кои дадоа свој придонес во хуманитарната акција организирана од нашите ученици.
2. Не сме сите создадени да правиме големи работи,но затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов. Учениците и вработените се обидоа барем за момент да ги стоплат срцата на повеќечленото семејство Тодоровски од село Одрено, Општина Ранковце,донирајќи облека и храна.
3. Драмската секција се приклучи кон хумнитарната акција и реализираше 3 претстави во Центарот за култура, две за основните училишта од општините Крива Паланка и Ранковце и една за целата јавност. Цената на билетите беше симболична, а сите средства кои ги собраа учениците се наменети за нивни соученици.

Големината на човекот е во неговите дела!
Голема благодарност до сите хумани граѓани и компании кои ни подадоа рака да им ги разубавиме празничните денови што доаѓаат на социјално-ранливите категории.
Ние не застануваме тука, нашата мисија продолжува и понатаму!
- Published in Останато
Меѓуврсничко насилство-булинг кај учениците, препознавање и превенирање
На ден 20.12.2022 година во просториите на СОУ Ѓорче Петров, Крива Паланка се одржа обука за наставници, стручни соработници и раководен кадар на тема „Меѓуврсничко насилство-булинг кај учениците, препознавање и превенирање“.
Обуката ја реализираа проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова – доктор по социолошки науки, проф. д-р. Тања Милошевска – доктор по одбрана и безбедност и проф. д-р Софија Георгиевска – психолог, доктор по социјална работа и социјална политика, професори од Филозофски факултет.
Следниве теми беа опфатени на обуката:
- Социолошки аспекти на интернет врсничко насилство – начини и мерки на препознавање и превенирање;
- Дигитална писменост, форми и превенција на дигитално (сајбер) насилство;
- Работа со деца – жртви на насилство, предизвици и перспективи;
Ниту едно дете не заслужува да биде жртва на булинг!



- Published in Останато
Ајде да селектираме електронски отпад!
Учениците од прва година, електротехничката струка ја покажаа својата еколошка заложба за зелена, чиста и одржлива животна средина. Со свој личен пример ја иницираа и покажаа неминовната потреба од правилно постапување со електронскиот отпад со цел намалување на неговото негативно влијание врз животна средина.
Ги собраа неупотребливите електронски и електрични уреди кои содржат многу токсични супстанции бидејќи во многу од нив има тешки метали и опасни гасови како што се : олово, жива арсен, кадмиум, и други содржини кои можат сериозно да му наштетат на човековото здравје и ги оставија во контејнерот за електронски отпад.
Не фрлајте отров во природата!
За нас се работи!
- Published in Електротехничка струка
Уште награди за нашето„Паланечко Зоне“
На меѓународниот театарски фестивал за деца и млади ,,Lektirići ex yu fest” ,кој се одржа во Прокупље, Р. Србија, нашите ученици освоија уште неколку награди во различни категории.
II награда од жири комисијата
I наргада од публика
Награда за најдобар сценски говор
Најдобра женска улога за децениска бравура (десетгодишно постоење)
Им посакуваме уште многу успеси во иднина!

- Published in Македонски јазик и литература
Меѓународен театарски фестивал за деца и млади ,,Lektirići ex yu fest”
Драмската секција при СОУ„Ѓорче Петров“ учествуваше на Меѓународниот театарски фестивал за деца и млади ,,Lektirići ex yu fest” кој се одржа во Прокупље, Република Србија на 08.12.2022г.
На десетгодишнината од фестивалот кој имаше натпреварувачки карактер, нашите млади актери настапуваа со претставата ,,Паланечко Зоне” во режија на професорките по македонски јазик Зорица Давитковска, Лиле Стојановска, Елена Јакимовска и Даниела Стојмировска.
На фестивалот ученикот Горјан Младеновски доби награда за најдобра машка улога, ученичката сара Стојановска беше наградена за најдобра женска улога.
Се гордееме со нашите талентирани ученици и им посакуваме уште многу одиграни претстави на големата театарска сцена!

декември, 2022
- Published in Македонски јазик и литература
- 1
- 2