Повик за учество на ученици во Еразмус + проект – мобилност во Белгија

Почитувани ученици,
Ни претставува посебно задоволство да Ве известиме дека во рамките на програмата ЕРАЗМУС +, клучна акција КА229 – Соработка за иновација и размена на добри практики, поддржана од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, нашето училиште СОУ „Ѓорче Петров“ како партнер и училиштата: GO! atheneum Leuven- Белгија (партнер); Karl Schiller Berufskolleg – Германија (координатор) и 19 High School Elin Pelin- Бугарија (партнер), работи на проектот Yes Europe III – младите студираат и работат во Европа.
За таа цел од нашето училиште се потребни 5 ученици за учество во проектот кои ќе одат на мобилност во Белгија од 8 до 13 мај 2022 година. Учениците кои ќе бидат вклучени во проектот ќе развијат различни вештини вклучувајќи: професионални вештини, социјални и мултикултурни, интеграција во различни средини, одговорности, јазични подобрувања и други вештини и придобивки.
Пополнете електронска пријава
(линк до пријавата: https://forms.gle/dhzVdhZuBDvCpAro9 )
За да се пријавите за учество во проектот, потребно е да доставите скенирани:
- CV
- мотивациско писмо
- препорака од класен раководител/предметен професор
- сертификат за вакцинација од Ковид 19 на следната емаил адреса: proekti.gp@gmail.com
Критериум за избор:
· Ученикот треба да биде мотивиран за работа и дружење
· Ученикот треба да може да патува во странство
· Ученикот да има позитивна препорака од класен раководител/предметен професор
· Да има познавање на англиски јазик (можно е тестирање)
· Ученикот да поседува валиден сертификат/потврда за вакцинација од Ковид 19
По првата направена селекција согласно критриумите доколку има поголем број заинтересирани кандидати ќе биде спроведено и интервју.
Рокот за доставување на потребните документи е од 24.03.2022 година до 28.03.2022 година.
Општински натпревар по англиски јазик
- Published in Странски јазици
Регионален натпревар по француски јазик – спелување
- Published in Странски јазици
Завршна сметка 2021 година
- Published in Останато
Регионален натпревар по математика
- Published in Математика, Останато
Повик за најдобри поетски твори

Учениците од трета година во рамки на проектната активност под менторство на проф. Ивана Станковска објавува конкурс за средношколците кои сакаат да ја истакнат својата креативност и оригиналност.
Со нетрпение ги очекуваме вашите творби!
- Published in Останато