Признанија за шампионите од Европските училишни игри во кошарка
Нашите претставнички од женскиот кошаркарски тим
кои беа најдобри на државните натпревари и го освоија одличното трето место, во придружба на директорката Елена Ѓорѓиевска и проф. Ведран Белешковски беа на свечено доделување на признанија во Агенцијата за млади и спорт. Истите им беа врачени од страна на Наумче Мојсовски, директор на АМС. Иако нивните очекувања беа повисоки, повредата на најдобрата кошаркарка во тимот, како и отсуството на неколку репрезентативки беа причините за освоената бронза.
Но, како што кажа Мојсовски: Да се носи националниот дрес е чест, без разлика дали се настапува во име на училиште, клуб или репрезентација, а вие тоа го направивте гордо.

СОУ „Ѓорче Петров“ се гордее со Вашите успеси.
Чекорете смело кон нови победи, а ние секогаш ќе навиваме за Вас!

- Published in Спорт
Европското кошаркарско средношколско првенство 2023
Фото-галерија од Европското средношколско првенство од 11 до 17 јуни 2023 – Скопје на кое нашиот женски кошаркарски тим освои Бронзен медал.
- Published in Спорт
Бронза за СОУ „Ѓорче Петров“ на Европското кошаркарско средношколско првенство

Прв Европски медал за СОУ ,,Ѓорче Петров” освоен на првото ‘историско’ учество на Европското кошаркарско средношколско првенство кое се одржа од 12 до 17 јуни 2023 година во Скопје.

Гордост на нашето училиште, градот и државата-нашиот најдобар женски кошаркарски тим менториран од страна на проф. Ведран Белешковски
Видео од прогласувањето на победниците: https://www.facebook.com/watch/?v=814832996443628

Честитки за целиот тим продолжете смело кон врвот!
Ви посакуваме уште поголеми успеси
- Published in Спорт
Европско првенство во кошарка
Кошаркарките на СОУ ,,Ѓорче Петров” за првпат учествуваат на европско првенство во кошарка под менторство на проф. Ведран Белешковски.

Им посакуваме успех на претстојните натпревари !
- Published in Спорт
Спортско дружење по повод Патрон празникот
Традиционално спортско дружење со нашите пријатели од
СОУ ,,Наум Наумовски- Борче” – Пробиштип и СОУ ,, Митко Пенџуклиски” – Кратово по повод Патрон празникот



- Published in Спорт
РЕГИОНАЛНО ПРВЕНСТВО ВО КОШАРКА ЗА СРЕДНИ УЧИЛИШТА
На ден 24.03.2023 год. (четврток) се одржа регионално првенство во кошарка за средни училишта во СОУ Коле Нехтенин – Штип на кое учествуваа и наши ученици под менторство на проф. Ведран Белешковски и проф. Мартин Стаменковски.
Беа постигнати следниве резултати:
1. СОУ Јосиф Јосифов – Гевгелија 17 : 45 СОУ Ѓорче Петров – Крива Паланка
2. СОУ Коста Сусинов – Радовиш 21 : 51 СОУ Методи Митевски Брицо – Делчево
3. СОУ Методи Митевски Брицо -Делчево 22 : 53 СОУ Ѓорче Петров – Крива Паланка
Честитки, продолжете да нижете успеси!


- Published in Спорт
Зонски натпревари во кошарка
На 22.12.2022 во организација на ФУСМ и СУСКП Крива Паланка се одиграа зонски натпревари во КОШАРКА за средни училишта. Нашите ученици повторно се меѓу првопласираните!
Во машка конкуренција:
1 место: СОУ „Перо Наков” – Куманово
2 место: СОУ „Ѓорче Петров” – Крива Паланка
3 место: СОУ „Кочо Рацин” – Свети Николе
Во женска конкуренција:
1 место: СОУ „Ѓорче Петров” – Крива Паланка
2 место:СОУ „Наум Наумовски Борче”- Пробиштип
3 место: СОУ „Наце Буѓони” – Куманово.
Екипата на СОУ „Перо Наков“ ,, од Куманово во машка конкуренција и екипата на СОУ „Ѓорче Петров” од Крива Паланка во женска конкуренција како победници на зонскиот турнир се учесници на регионалните натпревари -Исток. Женската екипа на СОУ „Ѓорче Петров“ е актуелен државен првак и балкански вицешампион.
Им честитаме на победниците и им посакуваме успех на претстојните натпревари што ќе се одржат во второто полугодие1

- Published in Спорт
Традиционален турнир во футсал 2019
- Published in Спорт, Училишна заедница
Турнир во мал фудбал
Училишната заедница при СОУ Ѓорче Петров Крива Паланка организира турнир во мал фудбал на ден 3 ноември 2018 година (сабота) со почеток во 10 часот.
(more…)- Published in Спорт, Училишна заедница