Keys of digital education
Ученици од трета година под менторство на проф. Ивана Станковска работат на еТвининг проект за унапредување на дигиталните вештини кај учениците. Наши партнер училишта се училишта од Турција, Хрватска и Шпанија. Учениците работат во интернационални тимови. Наши цели се да се подигне свеста за дигитализација на образованието, дигиталниот отпечаток, дигиталната писменост и добросостојба како клучни компоненти.

- Published in Е-твининг
еТвининг проектот Global Tour Bus на СОУ „Ѓорче Петров“ награден за добра пракса
На ден 12.12.2022г. се одржа Валоризациона конференција на НАЕОПМ во просториите на хотелот Александар Палас-Скопје.
Целта на оваа конференција беше да се претстават успешни проекти од изминатите години кои ќе послужат како пример и поттик за сите останати кои се или сакаат да бидат дел од програмата Еразмус+.
Конференцијата ја отвори директорот на НАЕОПМ Марко Ѓорѓиевски, а на истата имаа можност да се обратат и советникот за млади на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Ѓорѓи Тасев и раководителот на сектор за соработна при Делегација на ЕУ во РСМ, Штефан Худолин.
Проект од нашето училиште беше избран за добра еТвининг практика од државата.
еТвининг амбасадорката од нашето училиште Ивана Станковска, им ги претстави целите, проектниот животен циклус и продуктите кои беа креирани за истиот на присутните.
Чест и задоволство ни е што токму проект на нашето училиште е избран за добра пракса. Се гордееме со успесите на нашите еТвинери!
- Published in Е-твининг
Come In
Оваа учебна година одлучивме со еТвинерите од прва година да се фокусираме на културните вредности, да се запознаеме подобро со другите нации и да го промовираме нашето културно наследство со училишта од Европа и Азија.
Првин еТвинерите изготвија заедничка драфт верзија со нивниот ментор проф. Ивана Станковска, потоа бараа партнери преку ЕСЕП платформата кои ќе го поддржат нивниот проект.
За партнери избрани се училишта од: Јордан, Турција, Италија, Хрватска и Франција.
Се надеваме на успешна соработка и многу дигитални изработки!
- Published in Е-твининг
еТвининг проект: Fake-O-Gram (FOG)
Со цел да се подигне медиумската писменост кај учениците, СОУ „Ѓорче Петров“ соработуваше со училишта од Турција, Франција, Португалија, Романија, Хрватска и Италија.
Наша единствена цел е да научат учениците како да препознаваат лажни вести и да ја подобрат дигиталната писменост преку интерактивни игри во соработка со врсници од европските држави.
Во склоп на проектот беа изработени повеќе дигитални продукти меѓу кои:
1. Ден на безбеден интернет 2022
2. Ден на розовите маици – Стоп за насилството
3. Ден на шегата
Нашите млади новинари се пошегуваа и покажаа дека за ширење на лажна вест доволно е да имате желба и интернет конекција. Размислете двапати пред да одлучите за каква вест станува збор.
4. Ден на планетата Земја
-една поинаква еТвинерска зелена визија
https://en.calameo.com/books/0070610693495ccd61f33?fbclid=IwAR3PTBDhb3S5fG0qpKk6cdaYC-j91mKxDhmF1GNAXoCYpzCxWpDeFkATFlc
5. FOG е-книга
https://madmagz.com/magazine/2015928
еТвининг проект: 2eco&health
Учениците од трета година имаа можност да соработуваат со училишта од Хрватска, Шпанија, Романија, Литванија,Италија,Грција.
Работеа на проект за екологија, економија и здравје. Учеа за дезинформации и за нивната важност во оваа област. Работеа во интернационални тимови и изработија дигитални творби.
https://en.calameo.com/read/004770560fb03f44b4aa4?fbclid=IwAR0CDm3VyD-58E6IvrA1qgmQTPYvmZHdhEUDb5TislEqTEnd-3W7DFYcyPQ – дигитален глосар
https://padlet.com/krasimirovdimitar/Disenformation?fbclid=IwAR2uEtDLNIJd93M0aCK9zUOfzdV7fXd7rMy2pcpxONTVZtTyLigRss6M7G4
- Published in Е-твининг
Повик за учество на ученици во Еразмус + проект – мобилност во Белгија

Почитувани ученици,
Ни претставува посебно задоволство да Ве известиме дека во рамките на програмата ЕРАЗМУС +, клучна акција КА229 – Соработка за иновација и размена на добри практики, поддржана од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, нашето училиште СОУ „Ѓорче Петров“ како партнер и училиштата: GO! atheneum Leuven- Белгија (партнер); Karl Schiller Berufskolleg – Германија (координатор) и 19 High School Elin Pelin- Бугарија (партнер), работи на проектот Yes Europe III – младите студираат и работат во Европа.
За таа цел од нашето училиште се потребни 5 ученици за учество во проектот кои ќе одат на мобилност во Белгија од 8 до 13 мај 2022 година. Учениците кои ќе бидат вклучени во проектот ќе развијат различни вештини вклучувајќи: професионални вештини, социјални и мултикултурни, интеграција во различни средини, одговорности, јазични подобрувања и други вештини и придобивки.
Пополнете електронска пријава
(линк до пријавата: https://forms.gle/dhzVdhZuBDvCpAro9 )
За да се пријавите за учество во проектот, потребно е да доставите скенирани:
- CV
- мотивациско писмо
- препорака од класен раководител/предметен професор
- сертификат за вакцинација од Ковид 19 на следната емаил адреса: proekti.gp@gmail.com
Критериум за избор:
· Ученикот треба да биде мотивиран за работа и дружење
· Ученикот треба да може да патува во странство
· Ученикот да има позитивна препорака од класен раководител/предметен професор
· Да има познавање на англиски јазик (можно е тестирање)
· Ученикот да поседува валиден сертификат/потврда за вакцинација од Ковид 19
По првата направена селекција согласно критриумите доколку има поголем број заинтересирани кандидати ќе биде спроведено и интервју.
Рокот за доставување на потребните документи е од 24.03.2022 година до 28.03.2022 година.
еТвининг работилница – медиумска писменост
- Published in Е-твининг