еТвининг проектот Global Tour Bus на СОУ „Ѓорче Петров“ награден за добра пракса
На ден 12.12.2022г. се одржа Валоризациона конференција на НАЕОПМ во просториите на хотелот Александар Палас-Скопје.
Целта на оваа конференција беше да се претстават успешни проекти од изминатите години кои ќе послужат како пример и поттик за сите останати кои се или сакаат да бидат дел од програмата Еразмус+.
Конференцијата ја отвори директорот на НАЕОПМ Марко Ѓорѓиевски, а на истата имаа можност да се обратат и советникот за млади на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Ѓорѓи Тасев и раководителот на сектор за соработна при Делегација на ЕУ во РСМ, Штефан Худолин.
Проект од нашето училиште беше избран за добра еТвининг практика од државата.
еТвининг амбасадорката од нашето училиште Ивана Станковска, им ги претстави целите, проектниот животен циклус и продуктите кои беа креирани за истиот на присутните.
Чест и задоволство ни е што токму проект на нашето училиште е избран за добра пракса. Се гордееме со успесите на нашите еТвинери!
- Published in Е-твининг
Нашето училиште – домаќин на првата мобилност во рамки на Еразмус+ проектот:Нула отпад
Нашето училиште СОУ „Ѓорче Петров“ како координатор и партнер училиштата: YUNUS EMRE ANADOLU İMAM HATİP LİSESİ, Маниса (Турција) и COLEGIUL ECONOMIC EMANUIL GOJDU HUNEDOARA, Хунедоара (Романија). во период од 30.10.2022 до 05.11.2022 година.Домаќин училиште на оваа мобилност беше СОУ „Ѓорче Петров“
Во оваа размена земаа учество 30 ученика, од нашето училиште и од партнерските училишта придружувани од 6 наставници
Во текот на реализацијата учесниците имаа можност да работат во мешовити интернационални тимови, да се запознаат подобро со културата и храната во нашата држава.
Секако примарна цел на проектот беше како да ја заштитиме животната средина, како да рециклираме, да ги ре-употребуваме материјалите и да бидеме општествено одговорни.
Учесниците во проектот проследија презентации/ги посетија следниве институции:
- Посета на Градски музеј – Крива Паланка
- Посета на манастирот Св.Јоаким Осоговски-Крива Паланка
- Еколошка акција за собирање на отпадот во близина на Калин Камен
- Друштво за управување со отпад Нула Отпад – Скопје
онлајн едукативна работилница на тема: Управување со отпад , предавач: Билјана Костадинова - Посета на Природно-научен музеј -Скопје
- Посета на Зоолошка градина – Скопје
- Креативна работилница и изложба за подигнување на еколошката свест- изработка на лого, постери… во просториите на училиштето
- Креативна работилница на тема: Редуцирај, рециклирај, реупотреби и пренамени” – одржана во просториите на Европска куќа – Крива Паланка
- Посета на повеќе локации од национален парк Галичица, презентација за ендемските видови и тековните активности на вработените во паркот, а воедно и посета на Охрид, град заштитен од УНЕСКО
Ова беше едно интересно “еко“ дружење, а нашите активности ќе продоложат и понатаму во Р. Турција.

- Published in Еразмус
Реализирана третата мобилност од Еразмус+ проектот YES Europe III во Германија
Нашето училиште СОУ „Ѓорче Петров“ како партнер и училиштата: GO! atheneum Leuven- Белгија (партнер); Karl Schiller Berufskolleg – Германија (координатор) и 19. СУ “Елин Пелин“ -Бугарија (партнер), ја реализираа третата мобилност од проектот Yes Europe III – младите студираат и работат во Европа, во период од 23.10.2022 до 28.10.2022 година.Домаќин училиште на оваа мобилност беше Karl Schiller Berufskolleg – Германија
5 ученика, придружувани од наставничките Катерина М. Наковска и Ивана Станковска, имаа можност да учествуваат во оваа размена.
Во текот на реализацијата учесниците имаа можност да работат во мешовити интернационални тимови, да се запознаат подобро со културата, храната на државата – домаќин, како да се студира и најде работа, како да се подготват за интервју за работа.
Исто така проследија презентации/ги посетија и следниве институции:
- Chamber of Industry and Commerce, Cologne
- Посета на компанија за преработка на отпад- Remondis Liblar
- Посета на ТВ -MMC Television Studios
- Подготовка за интервју за работа и презентација на компанијата-Barmer
- Посета на универзитет – TH Köln
- Посета на пристаништето во Колоњ
Учениците имаа прилика да стекнат повеќе знаења за кариерен развој и да ги зајакнат интеркултурните вештини.
- Published in Еразмус
Еразмус денови 2022
Еразмус деновите започнаа во СОУ „Ѓорче Петров“ со изложба на постери во училиштниот хол
Нашите еТвинери и дел од учесниците во Еразмус+ проектите го збогатија училишниот хол со нивните постери и на тој начин ги презентираа можностите што ги нуди Еразмус програмата.
В.Д. Директорката Елена Ѓорѓиевска им ги врачи еТвининг ученичките ознаки за квалитет на нашите еТвинери и им посака успех во идните проекти .
Продолжуваме и понатаму со успешните Еразмус+ & еТвининг приказни 🙂
Следете не!
Повик за учество на ученици во Еразмус+ проектот Нула отпад
Почитувани ученици,
Ни претставува посебно задоволство да Ве известиме дека започнуваме со имплементација на активности во рамките на програмата ЕРАЗМУС +, клучна акција КА210 – партнерства од мал обем во полето на училишно образование. Координатор на проектот е СОУ „Ѓорче Петров“, наши партнер училишта се YUNUS EMRE ANADOLU İMAM HATİP LİSESİ, Маниса (Турција) и COLEGIUL ECONOMIC EMANUIL GOJDU HUNEDOARA, Хунедоара (Романија). За таа цел од нашето училиште се потребни 20 ученици за учество во проектот кои ќе одат на мобилност во Турција (2022 година) или Романија (2023 година) т.е по 10 за секоја мобилност. Учениците кои ќе бидат вклучени во проектот ќе развијат различни вештини вклучувајќи: професионални вештини, социјални и мултикултурни,еко вештини, интеграција во различни средини, одговорности, јазични подобрувања и други вештини и придобивки.
Начин на пријавување:
За да се пријавите за учество во проектот, потребно е да доставите скенирани:
1.CV
2.мотивациско писмо
3.потпишана и скенирана препорака од класен раководител/предметен професор
4.пополнета електронска пријава (https://forms.gle/mzi5MhRg7tbut4uy8)
5.скенирани сертификати и дипломи стекнати за време на школувањето во нашето училиште
*Се пријавувате само за 1 (една) мобилност!
Рокот за доставување на потребните документи е од 04.10.2022 година до 12.10.2022 година на е-маилот: proekti.gp@gmail.com
Критериум за избор:
· Ученикот треба да биде мотивиран за работа и дружење
· Ученикот треба да може да патува во странство
· Ученикот да има позитивна препорака од класен раководител/предметен професор
· Да има познавање на англиски јазик (можно е тестирање)
· Да е редовен ученик од II, III или IV година
-Предност имаат ученици кои поседуваат ученички еТвининг ознаки за квалитет (Pupil Quality Label)
По првата направена селекција согласно критериумите доколку има поголем број заинтересирани кандидати ќе биде спроведено и интервју.
Забелешка: само кандидатите кои ќе достават комплетна документација ќе бидат повикани на интервју
- Published in Еразмус
Известување
Ве известуваме дека селекцијата на кандидати за мобилност во Р.Германија во рамки на ЕРАЗМУС + проектот YES Europe 3, клучна акција КА229 – Соработка за иновација и размена на добри практики, е завршена.
Изберени се следниве кандидати:
1. Симона Стојковска
2. Никола Наковски
3. Мелани Алексовска
4. Маја Тасевска
5. Божица Стоевска
Доколку некој од веќе избраните ученици е спречен да учествува ќе биде заменет со ученик од резервна листа.
Резервна листа на ученици:
1. Ева Новкова
2. Ива Стојковска
3. Нина Димитровска
4. Нена Георгиевска
5. Јована Ѓорѓиевска
- Published in Еразмус
Повик за учество на ученици во Еразмус + проект – мобилност во Германија
Почитувани ученици,
Ни претставува посебно задоволство да Ве известиме дека во рамките на програмата ЕРАЗМУС +, клучна акција КА229 – Соработка за иновација и размена на добри практики, поддржана од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, нашето училиште СОУ „Ѓорче Петров“ како партнер и училиштата: GO! atheneum Leuven- Белгија (партнер); Karl Schiller Berufskolleg – Германија (координатор) и 19 High School Elin Pelin- Бугарија (партнер), работи на проектот Yes Europe III – младите студираат и работат во Европа.
За таа цел од нашето училиште се потребни 5 ученици за учество во проектот кои ќе одат на мобилност во Германија од 23 до 28 октомври 2022 година. Учениците кои ќе бидат вклучени во проектот ќе развијат различни вештини вклучувајќи: професионални вештини, социјални и мултикултурни, интеграција во различни средини, одговорности, јазични подобрувања и други вештини и придобивки.
За да се пријавите за учество во проектот, потребно е да доставите скенирани:
- CV
- мотивациско писмо
- препорака од класен раководител/предметен професор
- пополнета електронска пријава (https://forms.gle/as37w9aEiB2GkGFA7)
Критериум за избор:
· Ученикот треба да биде мотивиран за работа и дружење
· Ученикот треба да може да патува во странство
· Ученикот да има позитивна препорака од класен раководител/предметен професор
· Да има познавање на англиски јазик (можно е тестирање)
· Да е ученик од II, III или IV година
По првата направена селекција согласно критериумите доколку има поголем број заинтересирани кандидати ќе биде спроведено и интервју.
Рокот за доставување на потребните документи е од 05.09.2022 година до 10.09.2022 година на е-маилот: proekti.gp@gmail.com
- Published in Еразмус
RYCO супер училишта – завршна конференција
Од 29.06 до 06.07.2022г. се одржа регионален младински камп во Струга. На истиот земаа учество ученици од Супер училиштата, вкупно 60 од целиот регион. Претставник од нашето училиште беше ученичката Ангела Георгиевска од 2-7 паралелка.
Од 03.07-06.07.2022 во Струга се одржа завршна конференција за проектот ,,Суперучилишта”. На истата учествуваа и наставници
и ученици од Супер училиштата . Беа презентирани резултатите од ученичките размени, а на истата свое обраќање имаа министерот за образование Јетон Шаќири, евроамбасадорот Дејвид Гир, германската амбасадорка Анке Холстајн, генералниот секретар на RYCO Алберт Хани и др.
Беа организирани натпревари за најдобра фотографија во категориите: Најдобра насмевка, Најдобар момент и Најдобро пријателство.
Партнерите од размените имаа можност да ги презентираат своите проекти преку штандови. Учесниците имаа можност да поразговараат со наставниците и учениците и да се информираат за активностите кои се реализирани.
- Published in Проекти
Клучна акција КА101: Учење преку индивидуални мобилности
Запознавање на наставниците со профилот на обуките и критериумите за избор на наставници
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност , за учење преку индивидуални мобилности во рамки на програмата Еразмус+ Клучна акција 1 – Мобилност на поединци 101 – Проекти за мобилност на вработените во училиштата ни одобри грант за нашата апликација од 2020 година, за проектот со наслов:
„Мотивирани наставници дизајнираат искуства за учење без бариери“
На ден 17.06.2022 година се одржа Наставнички совет на кој наставниците беа запознаени со профилот на обуката, целите, критериумите и начинот на аплицирање.
Број на учесници: 3
Главни цели на овој проект се:
– идентификација на учениците со (SEND) Специјални образовни потреби и инвалидитет;
– подобрување на педагошко-дидактичките компетенции;
– дополнување на нови креативни и иновативни наставни методи;
– вмрежување и интернационализација на училиштето со европските земји и воспоставување долгорочна соработка.
Начин на аплицирање:
Секој кандидат треба да ги достави следниве документи на е-маил адресата: proekti.gp@gmail.com до 21.06.2022 , 23:59 часот.
1. Кратко мотивационо писмо (со образложение во насока на начинот на кој би придонел за исполнување на горенаведените цели на проектот)
2. Кратка професионална биографија
3. Доказ за познавање на англиски јазик – ниво Б1
*Можно е тестирање доколку се пријават повеќе кандидати
4. Доказ дека се активни еТвинери ( еТвининг портфолио)
5. Согласност за менторирање на група наставници по завршување на курсот (своерачно потпишана и скенирана)
6. Изјава за креирање на еТвининг проект како folow up на проектот кој ќе се реализира во учебната 2022/23 (своерачно потпишана и скенирана)
Критериуми:
Со цел да се обезбеди постигнување на резултатите од проектот, учесниците ќе бидат избрани според добро утврдени критериуми:
· желба за учество (како што е наведено во мотивационото писмо);
CV (кратка биографија, проектите во кои бил вклучен кандидатот, вештини и знаења поврзани исклучиво со работата);
· дигитални вештини ( ќе се изберат наставници кои се флексибилни да учат и обработуваат информации поврзани со темата);
· јазични вештини (минимум Б1 ниво, за да се обезбеди разбирање на содржината и јазичната бариера да не стои на патот на извршувањето на конкретните задачи);
· искуство во дисеминација на други проекти ќе претставува предност;
Дадените критериуми се важни бидејќи од избраните учесници се очекува да го стекнат најдоброто искуство и знаење.
Исто така, избраните учесници ќе бидат вклучени во сите активности организирани пред, за време и по завршување на обуката.
1. пред настанот – подготвителна обука
2. за време на настанот – учество на обуката
3. по настанот – организација на локални, регионални и интернационални сесии за дисеминација, собирање докази за учество, споделување на резултатите на личен блог, организирање на материјалите, еТвининг проекти и сл.
- Published in Еразмус
Проект„Суперучилишта“, во рамки на програма на RYCO за размена на ученици-дел II
Во рамки на проектот „Ајде да се запознаеме и да изградиме цврсти пријателства“, финансиран од програмата „Суперучилишта“ кофинансирана од Европската Унија и германското Сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ) и имплементиран од Deutsche Gesellchaft fur Internationale Zusammenarbeit (GIZ) заедно со Регионална канцеларија за младинска соработка (RYCO), се реализираше втората размена.
Овојпат ја имавме таа чест нашето училиште да биде домаќин.
-Учениците учествуваа и се дружеа преку најразлични културни, спортски и јазични активности:
-се запознаа со нашето културно-историско богатство
-имаа можност да ги зајакнат меките вештини преку спортски игри
-беа организирани работилници за културен идентитет,надминување на културни разлики и техники за решавање на конфликти.
-во рамки на проектот од страна на учениците беше изработен дигитален речник: https://www.calameo.com/books/007096458cf5384e88a13
-креиравме виртуелна изложба со фотографии за да ги зачуваме од заборав нашите прекрасни заеднички моменти: https://www.emaze.com/@ALRWICRQW/sou-gjorche-petrov–ryco?autoplay
Едно е сигурно, нашите пријателства се изградени и зацврстени, а нашата соработка продолжува и во иднина!