Зонски натпревари во кошарка 3х3
На ден 15.04.2024 во Куманово во салата на СОУ ,,Перо Наков” се одиграа зонски натпревари во кошарка 3х3.
Учество земаа екипите од СОУ ,,Кочо Рацин”- Свети Николе, СОУ ,,Ѓорче Петров”- Крива Паланка и СОУ ,,Гоце Делчев “- Куманово. Натпреварите се одиграа во машка и женска конкуренција и се постигна следниот пласман:
Во машка конкуренција
1 место СОУ ,,Гоце Делчев”- Куманово
2 место СОУ ,,Кочо Рацин” -Свети Николе
3 место СОУ ,,Ѓорче Петров”- Крива Паланка
Во женска конкуренција
1 место СОУ ,,Ѓорче Петров” – Крива Паланка
2 место СОУ ,,Гоце Делчев” – Куманово
3 место СОУ ,,Кочо Рацин” – Свети Николе
Честитки за нашите ученици и професорот Ведран Белешковски!