CREATE ACCOUNT

FORGOT YOUR DETAILS?

Во гимназиско образование се застапени следните подрачја: Општествено-хуманистичко подрачје комбинација А, Јазично-уметничко подрачје комбинација А, Природно-математичко подрачје комбинација А и Природно-математичко подрачје комбинација Б.

Наставните програми во гимназиското образование овозможуваат:

  • Постигнување на  општообразовен стандард на знаења кој ќе им овозможи на учениците проодност во сите подрачја во системот на образование
  • Промовирање на индивидуалниот развој и личноста на ученикот;
  • Градење креативни и морални личности кои ќе се интегрираат во современото општество, оспособени за живот и работа во мултиетнички и мултикултурни средини;
  • Поттикнуваат индивидуалност и креативност, дисциплина и култура, повисоки интелектуални способности и образование кое ќе одговори на животните предизвици. Корените на образованието се горки, но плодовите се слатки, затоа секојдневно инвестираме во градење на нашата иднина. Човековото воспитание е огледало во кое се прикажува личниот портрет.
  • Наша мисија е да ја препознаеме индивидуалноста која мора да биде во корелација со тимската работа, која поттикнува креативност и создава квалитет. 

Успешното завршување на програмите од јазично-уметничкото подрачје, комбинација А  овозможува учениците полесно да се запишат и успешно да ги завршат студиите на :

  • филозофски,
  • филолошки и
  • педагошки факултет.

TOP