Ајде да селектираме електронски отпад!
Учениците од прва година, електротехничката струка ја покажаа својата еколошка заложба за зелена, чиста и одржлива животна средина. Со свој личен пример ја иницираа и покажаа неминовната потреба од правилно постапување со електронскиот отпад со цел намалување на неговото негативно влијание врз животна средина.
Ги собраа неупотребливите електронски и електрични уреди кои содржат многу токсични супстанции бидејќи во многу од нив има тешки метали и опасни гасови како што се : олово, жива арсен, кадмиум, и други содржини кои можат сериозно да му наштетат на човековото здравје и ги оставија во контејнерот за електронски отпад.
Не фрлајте отров во природата!
За нас се работи!
- Published in Електротехничка струка
ROBOMAC JUNIOR 2022
Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, во соработка со Лабораторијата за производство ФЕИТ-ФабЛаб и студентскиот огранок на IEEE по трет пат го организираше натпреварот во роботика и електроника ROBOMAC Junior, во периодот од 30 ноември до 2 декември 2022.
На ROBOMAC Junior учествуваа 54 ученици од четврта година од 28 средни училишта од државата, поделени во 2 категории. Освен активностите од натпреварувачки карактер, учесниците имаа можност да следат и неколку предавања во кои беа претставени популарни теми од роботиката, вештачката интелигенција и електрониката, одржани од професори и експерти во областа.
Од нашето училиште учествуваа ученците:
- Иван Цветановски IV 6, категорија – Автономна мобилна роботика
- Антонио Крстевски IV 6, категорија – Паметна електроника за автономни возила
Ученикот Иван Цветановски заедно со својот тим го освои ТРЕТОТО место за кое доби медал како и стипендија за студеирање на ФЕИТ. Додека ученикот Антонио Крстевски се стекна со пофалница за успешната работа на натореварот.
Средношколците кои беа вклучени на натпреварите имаа можност преку работа со вистински роботи да се запознаат со сите клучни аспекти на еден роботски систем, почнувајќи од неговиот хардвер, можноста за негово програмирање преку соодветен софтвер, како и предизвиците за внесување на одредено ниво на интелигенција во истиот.
Честитки до учениците и нивните ментори!

- Published in Електротехничка струка
Ученици од електротехничка струка на пракса во Португалија
- Published in Електротехничка струка, Еразмус, Проекти
Општински натпревар – Електртехничка струка
- Published in Електротехничка струка
Повик за учество во проект
Почитувани ученици,
Ни претставува посебно задоволство да Ве известиме дека во рамките на програмата ЕРАЗМУС +, акција КА102 – мобилност на ученици и вработени/ кадар во стручно образование и обука, поддржано од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, нашето училиште СОУ Ѓорче Петров како координатор и училиштата: ССОУ Наце Буѓони, Куманово и ССОУ Моша Пијаде, Тетово како партнери го добивме проектот Work based learning – Учење преку работа.
(more…)- Published in Електротехничка струка, Еразмус, Машинска струка, Останато
Успешна реализација на проектот за зајакнување на меките вештини кај учениците за учебната 2018/19 година
- Published in Електротехничка струка, МОН, Останато, Проекти