Општински натпревар по Хемија
На општинскиот натпревар по Хемија кој се одржа на 24.02.2023 година учествуваа ученици од I, II и III година под менторство на професорките Валентина Цветановска и Жаклина Димитровска.
Следниве ученици се пласираа на регионален натпревар.

1. Димитар Стојановски, I-1 паралелка , III-место
2. Вања Костовска, I-1 паралелка , пофалница
3. Филип Стојановски, I-2 паралелка ,пофалница
4. Јована Стефановска, I-2 паралелка,пофалница
5. Ева Симонова, II-2 паралелка , пофалница
6. Нина Димитровска, II-2 паралелка, пофалница
1. Ана Георгиевска, III-5 паралелка, III место, диплома
2. Горана Симонова, III-3 паралелка, пофалница
3. Наум Стојановски, III-3 паралелка, пофалница
Им посакуваме успех и во понатамошните натпреварувања!
- Published in Природни предмети
Превенција од Сајбер насилство
Од 13 до 15.2.2023 година во просториите на СОУ Ѓорче Петров, Крива Паланка за учениците од прва и втора година во гимназиското и стручното образование, се одржапрезентација на тема Сајбер насилство со цел да бидат објаснети причините и последиците од сајбер насилството, како да препознаат, но и како да пријават сајбер насилство во училиштето и надвор од него. На учениците им беа поделени флаери со корисни информации за заштита од сајбер насилство и беа промовирани кодот и линкот каде анонимно можат да пријават какво било насилство во училиштето.


На 16.2.2023, учениците од втора и четврта година заедно со предметните наставници, стручните соработници и раководниот тим на училиштето имаа можност да ја проследат проекцијата на филмот Сестри од режисерката Дина Дума во Центарот за култура во Крива Паланка, чија содржина беше инспирирана од сајбер и врсничкото насилство.

На 16.2.2023, учениците од втора и четврта година заедно со предметните наставници, стручните соработници и раководниот тим на училиштето имаа можност да ја проследат проекцијата на филмот Сестри од режисерката Дина Дума во Центарот за култура во Крива Паланка, чија содржина беше инспирирана од сајбер и врсничкото насилство. На 17.2.2023 година ученици од СОУ Ѓорче Петров заедно со стручните соработници и режисерката на филмот Сестри, во соработка со Europe House, учествуваа во дискусија за врсничкото насилство и негативното влијание врз менталното здравје кај младите, за пораките од филмот кои беа упатени до младите, но и конкретни примери на учениците од врсничкото насилство со кои се соочиле за време на нивното школување. Како превенција од врсничко насилство во училиштето беше презентиран и електронски формулар на кој учениците можат да пријават насилство.

- Published in Останато
Забава, музика и многу љубов!
Музички хепенинг под мотото Споделуваме љубов во реализација на Училишната заедница при СОУ „Ѓорче Петров“ во чест на „Св. Трифун“. Учениците се забавуваа, разменија подароци, другаруваа и се натпреваруваа.
- Published in Останато
Ден на безбеден интернет 2023
Денот на безбеден Интернет се организира од Insafe/INHOPE мрежата, со поддршка на Европската комисија, секој февруари за да промовира безбеден Интернет како и искористување на дигиталната технологија за постигнување на позитивни цели, особено кај децата и младите.

Нашите ученици се залагаат за подобар Интернет. Целта е да се охрабрат како млади лица да бидат промената и да направат колку што можат повеќе за да се создадат позитивни можности кои се понудени онлајн, овозможувајќи им отпорност на лажните вести, способност за критичко размислување, ИТ знаења и поддршка која им е потребна за да се надминат било какви онлајн ризици. Учениците од прва година од електротехничката струка, креираа квиз за побезбеден Интернет.

Скенирајте го QR кодот и забавувајте се!
- Published in Останато
Општински натпревар по математика
На 04.02.2023 год. во просториите на нашето училиште се одржа општински натпревар по математика за средно образование. На овој натпревар учествуваа 12 ученици и со освоените награди, обезбедија учество на регионалениот натпревар, кој ќе се одржи на 04.03.2023 год.
Честитки ученици Ви посакуваме успех и понатаму!
- Published in Математика
СОУ “Ѓорче Петров” и општината во дијалог со компаниите
На ден 02.02.2023 год. се одржа средба “Учи паметно, работи стручно” на која се дискутираше за реалните потреби од едуцирани кадри, млади луѓе коишто ќе имаат поголеми шанси за вработување по завршување на средното образование и ќе бидат конкурентни на пазарот на труд.
Дуалното стручно образование е концепт што ги учи, обучува и остручува средношколците, преку партнерство помеѓу средните стручни училишта и бизнис секторот.
Најдобар начин за стекнување квалитетно знаење преку пракса е токму ваквиот модел кој со поддршка од МОН успешно се реализира во нашето училиште изминатите години.
Продолжуваме заедно да ги детектираме потребите на пазарот на трудот, да креираме нови партнерства меѓу училиштата и компаниите и да го трасираме патот кон успехот за идните генерации.

- Published in Останато
Keys of digital education
Ученици од трета година под менторство на проф. Ивана Станковска работат на еТвининг проект за унапредување на дигиталните вештини кај учениците. Наши партнер училишта се училишта од Турција, Хрватска и Шпанија. Учениците работат во интернационални тимови. Наши цели се да се подигне свеста за дигитализација на образованието, дигиталниот отпечаток, дигиталната писменост и добросостојба како клучни компоненти.

- Published in Е-твининг