СООПШТЕНИЕ ЗА УЧЕНИЦИ
Драги ученици
Учебната 2020/2021 година ќе биде многу поразлична од другите бидејќи пандемијата предизвика огромни промени во нашите животи.
За да го заштитиме сопственото здравје и здравјето на нашите најблиски учебната година ја започнуваме преку онлајн платформа.
Утрешниот ден 01.10.2020 (четврток) го започнуваме по следниот распоред:
- Прва и трета година започнуваат со класен час во 7:30 часот;
- Втора и четврта година започнуваат со класен час во 13:30 часот;
Ви посакуваме среќна и успешна година!
- Published in Останато
Второ место на државниот натпрвар по француски јазик – Олимпијада 2020 година
- Published in Останато, Странски јазици
ОДОБРЕНИ НОВИ ТРИ ПРОЕКТИ ОД ЕРАЗМУС + ПРОГРАМАТА за 2020 година
- Published in Еразмус
ВИДЕО УПАТСТВО ЗА НАЈАВА И КОРИСТЕЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА ЗА УЧЕЊЕ ОД ДАЛЕЧИНА ЗА УЧЕНИЦИ И РОДИТЕЛИ
- Published in Останато
ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО РОДИТЕЛИ НА УЧЕНИЦИ
- Published in Останато
Распоред за настава за физичко присуство и настава од далечина за учебната 2020/2021 година
- Published in Останато
60 години СОУ„Ѓорче Петров“
СОУ „Ѓорче Петров“ своето постоење го бележи од далечната 1960 г. кога на петти септември со одлука на Народниот одбор на Крива Паланка започнува со работа под името „Моша Пијаде“. Во своите почетоци, училиштето работи во адаптирани простории во зградата на ЦОУ „Јоаким Крчовски“ во централното гратско подрачје со вкупно 97 ученици, распоредени во три паралелки. Од учебната 1964/1965 год училиштето се најде на денешната локација на ул. „8 Октомври“ бр.91, каде од 8.6.1987 година се преименува во УСО „Моша Пијаде“. На 13.9.1993 год. името на првиот Патрон на училиштето ќе биде заменето со името на големиот македонски револуционер Ѓорче Петров, а на 10.4.2006 година го доби денешното име СОУ „Ѓорче Петров“.

- Published in Останато