„Кажи НЕ на дрогата, ДА на животот“
Во рамки на кампањата „Кажи НЕ на дрогата, ДА на животот“ на ден 29.09.2023г. министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и градоначалникот Сашко Митовски го посетија нашето училиште како дел од превентивните активности на МВР за спречување на зависностите од дроги и психотропни супстанци кај младите. Притоа, на учениците им беа поделени едукативно-информативни летоци за квалитетна едукација и заштита од опасностите и пороците на зависностите од дроги.
- Published in Останато
EmpoweredEd – Чекор поблиску до создавање на ко-менаџмент тело!
Во период од 24-27.09.2023г. во Струга нашето училиште беше дел од тренингот во рамки на проектот EmpoweredEd предводен од LEAD- Leaders for Education, Activism and Development.
16 ученици и 8 наставници од 8 различни училишта го започнаа процесот на развивање на сопствен ко-менаџмент модел за заедничко одлучување. Наши претставници беа проф. Катерина М. Наковска и учениците Михаела Јанковска од III-5 клас и Филип Стојановски II-2 клас.

На тренингот учениците и наставниците од 8 средни училишта креираа сопствен прирачник на заедничко одлучување во училиштето.

- Published in Останато
Дисеминација на мултилатерален семинар ,,Inclusion and Diversity in eTwinning”
,,Inclusion and Diversity in eTwinning” е мултилатерален семинар кој се одржа во Леириа- Португалија на кој учествуваа 73 учесници од 11 европски држави, меѓу кои и нашата професорка Катерина Митовска- Наковска. Проектот беше реализиран под покровителство на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Професорката Катерина Митовска- Наковска одржа дисеминација на 14.09.2023г. во просториите на училиштето споделувајќи го своето искуство стекнато на семинарот со цел да се надминат бариерите и да овозможи инклузија на сите и секоја индивидуа,како и диверзитетот како предизвик.


- Published in Е-твининг
Доделување на ознаки за квалитет за еТвининг училишта
еТвининг платформата поттикнува размена на идеи, култури и перспективи, оплеменувајќи го образовнието на сите вклучени. На 07.09.2023г. во Europe House Skopje, име беа доделени ознаки за квалитет на 24 еТвининг училишта, лидери во меѓународната соработка и иновации во образованието. Нашето училиште по вторпат ја доби оваа престижна награда благодарение на нашите еТвинери.

еТвининг е одличен пример за тоа како технологијата може да ги премости географските граници, да ги поврзе училниците од различни делови на светот и да ги поттикне едукаторите да внесат иновации во нивните наставни методи.
Се гордееме со овој успех и продолжуваме со работа!
- Published in Е-твининг