Регионален натпревар за стручно образование – електротехничка, машинска и сообраќајна струка
На 25.03.2023г. нашето училиште беше домаќин на регионалниот натпревар за стручно образование.
Учество земаа училиштата од општините: Крива Паланка, Куманово, Кочани и Штип, и тоа од следните профили: електротехничар за компјутерска техника и автоматика, електротехничар енергетичар, техничар за компјутерско управување.
Сите учениците се пласираа на државниот натпревар.
Според струки постигнати се следниве резултати:

Им посакуваме успех и на претстојниот државен натпревар!
- Published in Електротехничка струка
YES Europe III – завршна мобилност

Во период од 20-24 март 2023г., се реализираше и последната мобилност од проектот: Yes Europe III – младите студираат и работат во Европа.
Нашето училиште СОУ „Ѓорче Петров“ како домаќин ја предводеше оваа мобилност во соработка со партнер училиштата: GO! atheneum Leuven- Белгија (партнер); 19. СУ “Елин Пелин“ – Бугарија (партнер) и Karl Schiller Berufskolleg – Германија (координатор).
Учесниците имаа прилика да го посетат нашето училиште, компании и институции од државата.
Научивме како се студира, како се бара работа и сместување во нашата држава. Но, сепак имавме и тим билдинг и заеднички го прославивме интернационалниот ден на среќата.
Ова беше едно интересно искуство како за нас така и за нашите партнери.
Голема благодарност до сите кои ни помогнаа овој проект успешно да се реализира!
1. Семос Едукација – Скопје
2. Вивакс ДОО – Скопје
3. Bellmondo – Крива Паланка
4. Меѓународен балкански универзитет – Скопје
5. Факултетот за туризам и угостителство – Охрид
6. ЛУ Градски музеј – Крива Паланка
7. Европска куќа – Крива Паланка




Европска куќа

- Published in Еразмус
РЕГИОНАЛНО ПРВЕНСТВО ВО КОШАРКА ЗА СРЕДНИ УЧИЛИШТА
На ден 24.03.2023 год. (четврток) се одржа регионално првенство во кошарка за средни училишта во СОУ Коле Нехтенин – Штип на кое учествуваа и наши ученици под менторство на проф. Ведран Белешковски и проф. Мартин Стаменковски.
Беа постигнати следниве резултати:
1. СОУ Јосиф Јосифов – Гевгелија 17 : 45 СОУ Ѓорче Петров – Крива Паланка
2. СОУ Коста Сусинов – Радовиш 21 : 51 СОУ Методи Митевски Брицо – Делчево
3. СОУ Методи Митевски Брицо -Делчево 22 : 53 СОУ Ѓорче Петров – Крива Паланка
Честитки, продолжете да нижете успеси!


- Published in Спорт
Завршна сметка 2022 год.
Подолу можете да ја најдете завршната сметка на СОУ „Ѓорче Петров“ за 2022 година.
Одбележување на меѓународниот ден на математиката 14.03 -Ден на бројот ПИ
На ден 14.03.2023 година во СОУ Ѓорче Петров се одржа настан во чест на одбележување на Меѓународниот ден на математиката ДЕН НА БРОЈОТ ПИ.
Настанот го организираа членовите на активот по математика и информатика, училишната заедница како и учениците од угостителско-туристичката струка.
Водител и одговорен ученик на целата манифестација беше ученичката Горана Симонова.
- Организаторите имаа кратка презентација за значењето, вредноста и примената на бројот π.
- Се одржа и квиз во кој што однапред пријавените тимови имаа право да одбираат прашања од типот на логички задачи поврзани со секојдневниот живот .
Комисијата составена од членови на активот по математика и информатика врз основаа на освоените поени ги прогласи победничките тимови ученици од паралелка 3-2 како победници во смената прва и трета година и ученици од паралелката 4-2 победници од смена втора и четврта година .
На победничките тимови директорката Елена Ѓорѓиевска и подели награди.

- Се читаа интересни досетки и шеги поврзани со математиката
- Учениците од угостителско-туристичката струка подготвија пити и колачиња на кои беше нацртан симболот π.

Благодарност до сите учесници кои дадоа придонес за успешно одбележување на овој ден!


- Published in Математика
Регионален натпревар по математика
На ден 04.03.2023 година со почеток во 10часот во СОУ “Наум Наумовски Борче ”Пробиштип се одржа 46 Регионален натпревар по математика.
Оваа учебна 2022/2023 година од нашето училиште на Регионалниот натпревар учествуваа 9 ученика и тоа :
3 ученика од прва година, ментор Габриела Стаменковска
5 ученика од трета година, ментор Сашка Младеновска
1 ученик од четврта година, ментор Зорица Ристовска
Сите 9 ученици постигнаа одлични резултати
Прва година
1. Димитар Стојановски – втора награда
2. Вања Костовска – пофалница
3. Сандра Колевска – пофалница
Трета година
1. Маја Тасевска-втора награда
2. Ева Новкова – трета награда
3. Наум Стојановски – трета награда
4. Горана Симонова – пофалница
5. Дарко Алексовски – пофалница
Четврта година
1. Лина Рангелова – трета награда
Ви посакуваме уште успеси и на државно ниво!

- Published in Природни предмети
Општински натпревар за предмети од електротехничка струка
На ден 27.02.2023 година се одржа општински натпревар за предмети од електротехничка струка.
На натпреварот право на учество имаа само ученици од III година.
На истиот учествуваа 3 ученика:
– Бојан Митовски
– Марија Стефановска
– Душица Миневска
Според добиените резултати, ученикот Бојан Митовски беше најдобар и ќе учествува на регионалниот натпревар кој треба да се одржи токму во нашето училиште.

- Published in Електротехничка струка
Програми за екскурзии за прва,втора и трета година
СОУ „Ѓорче Петров“ ги објавува програмите за ученички екскурзии за учениците од прва, втора и трета година. Ќе се реализираат повеќе еднодневни и повеќедневни екскурзии од различен тип заради посета и запознавање на природни, културно-историски, научно-технолошки и други значајни атрактивни места. Екскурзиите на учениците ќе им понудат рекреација, едукација, запознавање со културното, историското и религиозно минато на посетените локалитети.
Во прва година ќе се реализира дводневна екскурзија на релација Крива Паланка-Гостивар-Вевчани-Охрид-Битола-Крушево-Крива Паланка
Во втора година ќе се реализира ќе се реализира дводневна екскурзија на релација Крива Паланка-Гостивар-Вевчани-Струга-Битола-Крушево-Крива Паланка
Во трета година ќе се реализира шестдневна екскурзија на релација Крива Паланка-Венеција-Милано-Трст-Опатија-Дубровник-Крива Паланка
Програмите можете да ги разгледате на следниов линк: https://drive.google.com/drive/folders/17PE3x8jMSJHopeMg6aBgXjSOjZ7yoL0J?usp=sharing
- Published in Останато