Уписи 2020/2021
Драги деветтоодделенци, ве покануваме да бидете дел од нашето училиште кое ќе се погрижи успешно да го градите патот кон успехот!
Подетални информации за видовите на образование кое ги нуди нашето училиште и датумите за упис можете да погледнете во следново видео изработено од нашиот ученик Срѓан Димитровски.
За дополнителни информации можете да ни се обратите преку е-меил sougorcepetrov@yahoo.com, на FB страната на училиштето
(https://www.facebook.com/gjorcepetrov/ ) или на тел.бр. 031/375-025 / 031/377-120.
Исто така при денот на упис ве замолуваме да го почитувате протоколот.

- Published in Останато
THE YOUTH HAVE MESSAGES FOR YOU
Младите еТвинери имаат што да кажат, преку различни проектни активности ги презентираа најголемите закани за човештвоh
Креираа кратки филмови , постери, интерактивни игри, прашалници, презентации за одреден проблем.
ЕТвинерите од нашето училиште креираа краток анимиран филм за сајбер насилство:
https://www.youtube.com/watch?v=rvdUzhNlJNc
https://www.youtube.com/watch?v=rvdUzhNlJNc
Од сите активности во
соработка со еТвинерите од Турција, Хрватска, Шпанија изработија заедничка е-книга, која е достапна на следниот линк:
https://madmagz.com/magazine/1760534#/page/1
- Published in Е-твининг
SAVE OUR PLANET
- Published in Е-твининг
Драги наши матуранти,
Официјално денес е крај на вашето средношколско образование. За жал, последниве неколку месеци не’ научија дека и во поинакви услови може да се надоградувате и да ја завршиме успешно нашата заедничка мисија.
Патот што е пред вас ќе ве одведе во различни искушенија и предизвици и ние ви посакуваме среќа и успех на тој пат.
Ви благодариме што секој на свој начин допринесе во промоција и афирмација на нашето училиште, затоа што се’ што сте научиле од нас е ваше богатство и никој не може да ви го одземе.
Генерација 2016 – 2020 нека ви е честита матурата и продолжете гордо да чекорите низ патеките на животот!
Искрено ви посакуваат директороката на училиштето Габриела Стаменковска и сите вработени при СОУ Ѓорче Петров – Крива Паланка.
- Published in Останато
LESS CONSUMPTION – LESS WASTE
- Published in Е-твининг, Странски јазици
С О О П Ш Т Е Н И Е за вонредни ученици за online полагање во мајска, јунска и августовска испитна сесија
С
Согласно дописот од МОН за вонредни ученици од 11.05.2020 г. за организирање на мајска испитна сесија, јунска испитна сесија и августовска испитна сесија преку далечинско учење соопштуваме дека:
- пријавување за полагање испити на вонредните ученици во мајската испитна сесија ќе се врши заклучно со 15.05.2020 година со порака на меил на раководителот за вонредни ученици Ленче Велиновска lence_velinovska@yahoo.com.
- дополнителни информации може побараат на телефонскиот број на раководителот за вонредни ученици;
- за полагање треба да имаат можност да се вклучат на Viber или Messenger;
- распоредот за полагање ќе биде истакнат на 18.05.2020 г. на огласна табла пред училиштето и на Web-страницата на училиштето;
- се замолуваат кандидатите да ги почитуваат мерките и препораките за заштита од корона вирусот.
- Published in Останато
Одбележување на 15 години од постоење на еТвининг платформата и Денот на Европа
- Published in Е-твининг