Спортско дружење по повод Патрон празникот
Традиционално спортско дружење со нашите пријатели од
СОУ ,,Наум Наумовски- Борче” – Пробиштип и СОУ ,, Митко Пенџуклиски” – Кратово по повод Патрон празникот



- Published in Спорт
Осма ораторска вечер
Нашите оратори од СОУ „Ѓорче Петров”, не оставија никого рамнодушен од нивните моќни пораки.
Горди што токму нашите ученици со своите мудри размислувања не потсетуваат на вредностите на животот.

Жири комисијата ја имаше најтешката задача оваа вечер да ги избере најдобрите три оратори.
I место – Ева Новкова, III-2 клас
II место – Маја Тасевска, III-1 клас
III место – Горјан Младеновски III-2, клас
Благодарност до градоначалникот на Општината – Сашко Митовски кој традиционално ги наградува најдобрите три оратори.
Честитки за сите учесници и професори!
- Published in Македонски јазик и литература
Средношколска визија – прв дигитален весник
На 63 годишнината од постоењето на нашето училиште го објавуваме првиот дигитален училишен весник – кој можете да го разгледате на следниов линк: https://www.calameo.com/read/0071209011f7c27742ef5

Честитки за учениците и професорите за сработеното!
- Published in Останато
Редуцирај, рециклирај, реупотреби!
Под ова мото нашите креативци менторирани од страна на проф. Роберт Цветковски, испратија порака дека е време да преземеме нешто ако сакаме да живееме во почиста животна средина.За почеток предлагаме да почнеме да ги менуваме навиките во постапувањето со отпадот ,бидејќи немаме резервна Планета!
- Published in Останато
Квиз на знаење
Вториот ден од одбележувањето на Патрон празникот на училиштето го посветивме на ЗНАЕЊЕТО

Шестте тима кои се пласира во финалето го покажаа своето знаење од различни области
Драги ученици покажавте што учите и докажавте дека знаете
СОУ Ѓорче Петров – Крива Паланка инвестира во знаењето на младите и се гордее со секој нивен успех
- Published in Останато
Јазичната разновидност ги зближува луѓето
Под мотото ,,Јазичната разновидност ги зближува луѓето” го започнавме одбележувањето на Патрон празникот на нашето училиште со следнава програма:

-Препев на најпознатите македонски песни ,,Везилка” и ,,Т’га за југ” на странски јазици
– Музички настап на училишниот бенд и хор
– Соло настап на пијанистката Ева Николова
– Ги запознавме англиската, француската, германската и италијанската култура преку повеќејазичен скеч
-Талентираните уметници го збогатија холот со нови карикатури и цртежи
-Промоција на реализирани мобилности преку Еразмус+ и RYCO програмите

Ризница на млади таленти од СОУ Ѓорче Петров – Крива Паланка
- Published in Останато
Светски ден на здравјето – 7 април
Учениците од здравствена струка, медицинска сестра под менторство на професорката Ивана Николовска го одбележаа Светскиот ден на здравјето
На своите врсници им поделија едукативни флаери за здрава храна, ментално здравје и контрацепција, додека пак повозрасните сограѓани имаа можност за мерење на шеќер во крвта и мерење на крвниот притисок.

- Published in Здравствена струка
Патрон празник на училиштето
Почитувани ученици, родители, сограѓани – добредојдени сте сите!
Ве очекуваме заедно да го одбележиме Патрон празникот на нашето училиште

- Published in Останато
Франкофонијата ја истражува Северна Македонија
Сто ученици од 6 различни франкофонски градови учествуваа на националната франкофонска манифестација под мотото Франкофонијата ја истражува Северна Македонија која се одржа на 31.03.2023 (петок) во Центарот за култура – Крива Паланка со почеток од 17 часот..
Нашите ученици се претставија со скечот:
Дипломиран без идеја!

Тимот го предводеа проф.Мимоза Ивановска и проф. Сашка Младеновска
Учество земаа следниве ученици од прва и трета година:
1. Андреј Тасевски
2. Тони Димитровски
3. Горана Симонова
4. Лара Стевановска
5. Симона Стојановска
- Published in Странски јазици