Збратимување со Електротехничка школа ,,Раде Кончар” од Белград
Од денес СОУ ,,Ѓорче Петров” Крива Паланка и Електротехничка школа ,,Раде Кончар” Белград, се официјално збратимени училишта со меморандум за пријателство и соработка што предвидува различни видови активности и проекти од областа на образованието и науката.
Нашите ученици Сергеј Крстевски и Стефан Величковски под менторство на професорите Драган Китановски и Драгана Величковска учествуваа на Фестивалот за наука и техника во организација на ЕТШ ,, Раде Кончар”, Белград.
Учениците презентираа дел од проектите кои се работат во училиштето и имаа можност да разменуваат искуства и идеи со нивните врсници.