Развивање на иницијативата – Младински клубови за учество
Во период од 12-14.02.2024г. на тридевната обука во Крушево, тимот на СОУ „Ѓорче Петров“ работеше на јакнење на средношколските клубови заедно со другите средни училишта за развој на иницијативите кои се насочени кон актуелизирање на прашања и надминување на предизвици поврзани со теми кои се контроверзни во нашето општество.
Во периодот кој следува ќе ја реализираме својата иницијатива, следејќи го креираниот акциски план.
Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Младински клубови за учество“, со финансиска поддршка од Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport