Kлучна акција КА101: Учење преку индивидуални мобилности
Запознавање на наставниците со профилот на обуките и критериумите за избор на наставници
На ден 30.10.2019 година се одржа Наставнички совет на кој наставниците беа запознати со профилот на избраната обука, начинот на вклучување на наставниците во обуката како и критериумите според кои ќе бидат избрани наставниците за посета на истата. Подетални информации се достапни во следната презентација:
(more…)Добиен грант од Еразмус+ програмата, клучна акција КА102: Мобилност на наставен кадар во стручно образование и обука
Во рамките на програмата ЕРАЗМУС +, акција КА102 – мобилност на ученици и вработени/ кадар во стручно образование и обука, поддржано од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, нашето училиште СОУ Ѓорче Петров како координатор и училиштата: ССОУ Наце Буѓони, Куманово и ССОУ Моша Пијаде, Тетово како партнери го добија проектот Work based learning – Учење преку работа.
Резултатите можат да се видат на следниот линк.
Сите учесници во проектот ги претставуваат училиштата и нивната работа во стручното образование. Во мобилноста од секое училиште ќе учествуваат по 5 ученици и 1 наставник, односно вкупно 15 ученици и 3-ца наставници од нашата држава ќе патуваат во Povoa de Varzim, Португалија. Учениците и наставниците кои ќе бидат вклучени во проектот ќе развијат различни вештини вклучувајќи: професионални вештини, социјални и мултикултурни, интеграција во различни средини, одговорности, јазични подобрувања и други вештини и придобивки. Во тек се договори, организација и подготовки за реализација на проектот. Одговорен наставник-коодинатор на проектот е Драгана Величковска.
СОУ Ѓорче Петров одбележува 60 години постоење
- Published in Останато