Училиштен натпревар по географија
сабота, 28 јануари 2023
by Елена Ѓорѓиевска
На ден 28.01.2023 година во просториите на нашето училиште се одржа училишен натпревар по предметот Географија.
На истиот земаа учество следниве ученици од прва година под менторство на проф. Гордан Стојановски:
1. Стојановски Димитар
2. Костовска Вања
3. Илиевска Ангела
4. Стефановска Јована
5. Ивановска Михаела
Сите ученици се пласираа на регионален натпревар.
Им посакуваме успех и во следните фази од натпреварувањето!
- Published in Природни предмети
Потреба од засилена реализација на воспитната компонента во училиштата
вторник, 17 јануари 2023
by Елена Ѓорѓиевска
На ден 17.01.2023 година, наставниците од СОУ „Ѓорче Петров“ присуствуваа на обука на тема: Потреба од засилена реализација на воспитната компонента во училиштата.
Обуката ја реализираше проф. д-р Розалина Попова-Коскарова, професор на Педагошкиот факултет при УКИМ.
„Воспитната и образовната дејност треба се интегрирани во едно единство. Меѓутоа, се почесто се соочуваме со состојба која говори за занемарување на воспитната улога во училиштето, за сметка на образовната. Наставникот е посредник меѓу учењето и знаењето- Тој е пример за учениците!“
проф. д-р Розалина Попова-Коскарова
- Published in Останато