Ден на безбеден интернет 2023
Денот на безбеден Интернет се организира од Insafe/INHOPE мрежата, со поддршка на Европската комисија, секој февруари за да промовира безбеден Интернет како и искористување на дигиталната технологија за постигнување на позитивни цели, особено кај децата и младите.
Нашите ученици се залагаат за подобар Интернет. Целта е да се охрабрат како млади лица да бидат промената и да направат колку што можат повеќе за да се создадат позитивни можности кои се понудени онлајн, овозможувајќи им отпорност на лажните вести, способност за критичко размислување, ИТ знаења и поддршка која им е потребна за да се надминат било какви онлајн ризици. Учениците од прва година од електротехничката струка, креираа квиз за побезбеден Интернет.
- Published in Останато
СОУ “Ѓорче Петров” и општината во дијалог со компаниите
На ден 02.02.2023 год. се одржа средба “Учи паметно, работи стручно” на која се дискутираше за реалните потреби од едуцирани кадри, млади луѓе коишто ќе имаат поголеми шанси за вработување по завршување на средното образование и ќе бидат конкурентни на пазарот на труд.
Дуалното стручно образование е концепт што ги учи, обучува и остручува средношколците, преку партнерство помеѓу средните стручни училишта и бизнис секторот.
Најдобар начин за стекнување квалитетно знаење преку пракса е токму ваквиот модел кој со поддршка од МОН успешно се реализира во нашето училиште изминатите години.
Продолжуваме заедно да ги детектираме потребите на пазарот на трудот, да креираме нови партнерства меѓу училиштата и компаниите и да го трасираме патот кон успехот за идните генерации.
- Published in Останато
Потреба од засилена реализација на воспитната компонента во училиштата
На ден 17.01.2023 година, наставниците од СОУ „Ѓорче Петров“ присуствуваа на обука на тема: Потреба од засилена реализација на воспитната компонента во училиштата.
Обуката ја реализираше проф. д-р Розалина Попова-Коскарова, професор на Педагошкиот факултет при УКИМ.
- Published in Останато
Новогодишен хепенинг
Предновогодишната еуфорија започна во нашето училиште!
Училишната заедница при СОУ „Ѓорче Петров“ заедно со наставниците организираше новогодишен хепенинг пред крајот на првото полугодие. Се одржаа низа активности од забавен карактер кои резултираа со многу насмевки и среќни лица.
Среќни новогодишни и Божиќни празници!
Нека секој миг од новата година ви биде исполнет со добро здравје, љубов и бериќет!
- Published in Останато
Запознавање со ИТ технологии во воспитно-образовниот процес
- Published in Останато
Учениците од прва година дел од кампањата „Не дозволувајте петардите да ви ги уништат празниците“
- Published in Останато
Хуманитарна акција под мотото: Нашето малку, некому значи многу!
Училишната заедница со помош на вработените при СОУ „Ѓорче Петров“, одлучија да организират неколку настани со цел да им се помогне на граѓаните од социјално-ранливи категории.
1. По повод 3 Декември- Меѓународен ден на лицата со попреченост, претставниците од Училишната заедница при СОУ Ѓорче Петров ги посетија лицата од Дневниот Центар во нашиот град.
Тие рекоа да бидеме секогаш тука за сите лица со попреченост, заедно да работиме, твориме, да ги поддржиме и мотивираме секој ден, а не само на Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Ги вклучија и локалните компании за да можат да им направат новогодишни пакетчиња. Благодарност до сите компании кои дадоа свој придонес во хуманитарната акција организирана од нашите ученици.
2. Не сме сите создадени да правиме големи работи,но затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов. Учениците и вработените се обидоа барем за момент да ги стоплат срцата на повеќечленото семејство Тодоровски од село Одрено, Општина Ранковце,донирајќи облека и храна.
3. Драмската секција се приклучи кон хумнитарната акција и реализираше 3 претстави во Центарот за култура, две за основните училишта од општините Крива Паланка и Ранковце и една за целата јавност. Цената на билетите беше симболична, а сите средства кои ги собраа учениците се наменети за нивни соученици.
Големината на човекот е во неговите дела!
Голема благодарност до сите хумани граѓани и компании кои ни подадоа рака да им ги разубавиме празничните денови што доаѓаат на социјално-ранливите категории.
Ние не застануваме тука, нашата мисија продолжува и понатаму!
- Published in Останато
Меѓуврсничко насилство-булинг кај учениците, препознавање и превенирање
На ден 20.12.2022 година во просториите на СОУ Ѓорче Петров, Крива Паланка се одржа обука за наставници, стручни соработници и раководен кадар на тема „Меѓуврсничко насилство-булинг кај учениците, препознавање и превенирање“.
Обуката ја реализираа проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова – доктор по социолошки науки, проф. д-р. Тања Милошевска – доктор по одбрана и безбедност и проф. д-р Софија Георгиевска – психолог, доктор по социјална работа и социјална политика, професори од Филозофски факултет.
Следниве теми беа опфатени на обуката:
- Социолошки аспекти на интернет врсничко насилство – начини и мерки на препознавање и превенирање;
- Дигитална писменост, форми и превенција на дигитално (сајбер) насилство;
- Работа со деца – жртви на насилство, предизвици и перспективи;
Ниту едно дете не заслужува да биде жртва на булинг!
- Published in Останато
Работилница на тема: Врсничко насилство и превентивни програми
На ден 07.12.2022г. во просториите на нашето училиште се одржа еднодневна работилница за: насилство, врсничко насилство, булинг, ненасилна комуникација и говор на омраза меѓу учениците.
Работилницата ја водеа помошник командир за ЈРМ и превенција
г-дин Зоран Николовски и сменоводител г-дин Сашо Трајковски од ПС на ОН Крива Паланка.
Учениците од прва година имаа можност да се запознаат со видовите насилство, но и како да се превенираат ваквите појави навремено со цел да се избегнат поголеми прекршоци на јавниот ред и мир.
Активно учествуваа во дискусиите за време на работилницата и научија како и каде да пријават сомнеж или насилство врз ученик.
- Published in Останато
Фискална едукација на младите
Нашето училиште – дел од проектот на УЈП „Фискална политика на младите“
На ден 23.11.2022г. учениците од нашето училиште присуствуваа на презентација за даночниот систем на нашата држава која ја организираше Даночното одделение при Крива Паланка.
Координаторот на одделението, Сања Јакимовска на учениците им појасни како функционира даночниот систем во државава, а потоа имаше и продуктивна дискусија.
- Published in Останато