Положување на цвеќе на бистата на великанот ,,Ѓорче Петров”
Цвеќе на бистата на великанот ,,Ѓорче Петров” во нашето училиште кое го носи неговото име.Цвеќе положија претставници од училиштето и општина Крива Паланка. Нека ни е честит и вековит Патрон празникот.
- Published in Останато
Средношколска визија – прв дигитален весник
На 63 годишнината од постоењето на нашето училиште го објавуваме првиот дигитален училишен весник – кој можете да го разгледате на следниов линк: https://www.calameo.com/read/0071209011f7c27742ef5
Честитки за учениците и професорите за сработеното!
- Published in Останато
Редуцирај, рециклирај, реупотреби!
Под ова мото нашите креативци менторирани од страна на проф. Роберт Цветковски, испратија порака дека е време да преземеме нешто ако сакаме да живееме во почиста животна средина.За почеток предлагаме да почнеме да ги менуваме навиките во постапувањето со отпадот ,бидејќи немаме резервна Планета!
- Published in Останато
Квиз на знаење
Вториот ден од одбележувањето на Патрон празникот на училиштето го посветивме на ЗНАЕЊЕТО
Шестте тима кои се пласира во финалето го покажаа своето знаење од различни области
Драги ученици покажавте што учите и докажавте дека знаете
СОУ Ѓорче Петров – Крива Паланка инвестира во знаењето на младите и се гордее со секој нивен успех
- Published in Останато
Јазичната разновидност ги зближува луѓето
Под мотото ,,Јазичната разновидност ги зближува луѓето” го започнавме одбележувањето на Патрон празникот на нашето училиште со следнава програма:
-Препев на најпознатите македонски песни ,,Везилка” и ,,Т’га за југ” на странски јазици
– Музички настап на училишниот бенд и хор
– Соло настап на пијанистката Ева Николова
– Ги запознавме англиската, француската, германската и италијанската култура преку повеќејазичен скеч
-Талентираните уметници го збогатија холот со нови карикатури и цртежи
-Промоција на реализирани мобилности преку Еразмус+ и RYCO програмите
Ризница на млади таленти од СОУ Ѓорче Петров – Крива Паланка
- Published in Останато
Патрон празник на училиштето
Почитувани ученици, родители, сограѓани – добредојдени сте сите!
Ве очекуваме заедно да го одбележиме Патрон празникот на нашето училиште
- Published in Останато
Завршна сметка 2022 год.
Подолу можете да ја најдете завршната сметка на СОУ „Ѓорче Петров“ за 2022 година.
Програми за екскурзии за прва,втора и трета година
СОУ „Ѓорче Петров“ ги објавува програмите за ученички екскурзии за учениците од прва, втора и трета година. Ќе се реализираат повеќе еднодневни и повеќедневни екскурзии од различен тип заради посета и запознавање на природни, културно-историски, научно-технолошки и други значајни атрактивни места. Екскурзиите на учениците ќе им понудат рекреација, едукација, запознавање со културното, историското и религиозно минато на посетените локалитети.
Во прва година ќе се реализира дводневна екскурзија на релација Крива Паланка-Гостивар-Вевчани-Охрид-Битола-Крушево-Крива Паланка
Во втора година ќе се реализира ќе се реализира дводневна екскурзија на релација Крива Паланка-Гостивар-Вевчани-Струга-Битола-Крушево-Крива Паланка
Во трета година ќе се реализира шестдневна екскурзија на релација Крива Паланка-Венеција-Милано-Трст-Опатија-Дубровник-Крива Паланка
Програмите можете да ги разгледате на следниов линк: https://drive.google.com/drive/folders/17PE3x8jMSJHopeMg6aBgXjSOjZ7yoL0J?usp=sharing
- Published in Останато
Превенција од Сајбер насилство
Од 13 до 15.2.2023 година во просториите на СОУ Ѓорче Петров, Крива Паланка за учениците од прва и втора година во гимназиското и стручното образование, се одржапрезентација на тема Сајбер насилство со цел да бидат објаснети причините и последиците од сајбер насилството, како да препознаат, но и како да пријават сајбер насилство во училиштето и надвор од него. На учениците им беа поделени флаери со корисни информации за заштита од сајбер насилство и беа промовирани кодот и линкот каде анонимно можат да пријават какво било насилство во училиштето.
На 16.2.2023, учениците од втора и четврта година заедно со предметните наставници, стручните соработници и раководниот тим на училиштето имаа можност да ја проследат проекцијата на филмот Сестри од режисерката Дина Дума во Центарот за култура во Крива Паланка, чија содржина беше инспирирана од сајбер и врсничкото насилство.
На 16.2.2023, учениците од втора и четврта година заедно со предметните наставници, стручните соработници и раководниот тим на училиштето имаа можност да ја проследат проекцијата на филмот Сестри од режисерката Дина Дума во Центарот за култура во Крива Паланка, чија содржина беше инспирирана од сајбер и врсничкото насилство. На 17.2.2023 година ученици од СОУ Ѓорче Петров заедно со стручните соработници и режисерката на филмот Сестри, во соработка со Europe House, учествуваа во дискусија за врсничкото насилство и негативното влијание врз менталното здравје кај младите, за пораките од филмот кои беа упатени до младите, но и конкретни примери на учениците од врсничкото насилство со кои се соочиле за време на нивното школување. Како превенција од врсничко насилство во училиштето беше презентиран и електронски формулар на кој учениците можат да пријават насилство.
- Published in Останато
Забава, музика и многу љубов!
Музички хепенинг под мотото Споделуваме љубов во реализација на Училишната заедница при СОУ „Ѓорче Петров“ во чест на „Св. Трифун“. Учениците се забавуваа, разменија подароци, другаруваа и се натпреваруваа.
- Published in Останато