Посета на театарска претстава во МНТ – Скопје
- Published in Останато
Еразмус денови 2022
Еразмус деновите започнаа во СОУ „Ѓорче Петров“ со изложба на постери во училиштниот хол
Нашите еТвинери и дел од учесниците во Еразмус+ проектите го збогатија училишниот хол со нивните постери и на тој начин ги презентираа можностите што ги нуди Еразмус програмата.
В.Д. Директорката Елена Ѓорѓиевска им ги врачи еТвининг ученичките ознаки за квалитет на нашите еТвинери и им посака успех во идните проекти .
Продолжуваме и понатаму со успешните Еразмус+ & еТвининг приказни 🙂
Следете не!
ДИСЕМИНАЦИЈА НА ПРОЕКТ ОД ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС + акција КА101- „Мотивирани наставници дизајнираат искуства за учење без бариери“
- Published in Останато
Реализиран проектот „Мотивирани наставници дизајнираат искуства за учење без бариери“
- Published in Останато
Интерен оглас за спроведување на Конкурсот за запишување ученци во I година во учебната 2022/2023 година – второ пријавување
- Published in Останато
Европска година на младите 2022
2022 е назначена како „Европска година на младите’“ за таа цел група ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ го споделија своето знаење стекнато во странство преку Еразмус+ проектот YES Europe III.
Настанот се одржа во Europe House на 07.06.2022 год.
Учениците на присутните им ги појаснија можностите за студирање, работа и живеење во Европа. На присутните исто така им беше презентирано како да направат тест на личноста и како да се подготват за интервју за работа. На настанот беше презентирана и Еразмус+ програмата и учениците беа охрабрени да аплицираат на следните повици.
- Published in Останато
Проект„Суперучилишта“, во рамки на програма на RYCO за размена на ученици-дел II
Во рамки на проектот „Ајде да се запознаеме и да изградиме цврсти пријателства“, финансиран од програмата „Суперучилишта“ кофинансирана од Европската Унија и германското Сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ) и имплементиран од Deutsche Gesellchaft fur Internationale Zusammenarbeit (GIZ) заедно со Регионална канцеларија за младинска соработка (RYCO), се реализираше втората размена.
Овојпат ја имавме таа чест нашето училиште да биде домаќин.
-Учениците учествуваа и се дружеа преку најразлични културни, спортски и јазични активности:
-се запознаа со нашето културно-историско богатство
-имаа можност да ги зајакнат меките вештини преку спортски игри
-беа организирани работилници за културен идентитет,надминување на културни разлики и техники за решавање на конфликти.
-во рамки на проектот од страна на учениците беше изработен дигитален речник: https://www.calameo.com/books/007096458cf5384e88a13
-креиравме виртуелна изложба со фотографии за да ги зачуваме од заборав нашите прекрасни заеднички моменти: https://www.emaze.com/@ALRWICRQW/sou-gjorche-petrov–ryco?autoplay
Едно е сигурно, нашите пријателства се изградени и зацврстени, а нашата соработка продолжува и во иднина!
еТвининг проект: Fake-O-Gram (FOG)
Со цел да се подигне медиумската писменост кај учениците, СОУ „Ѓорче Петров“ соработуваше со училишта од Турција, Франција, Португалија, Романија, Хрватска и Италија.
Наша единствена цел е да научат учениците како да препознаваат лажни вести и да ја подобрат дигиталната писменост преку интерактивни игри во соработка со врсници од европските држави.
Во склоп на проектот беа изработени повеќе дигитални продукти меѓу кои:
1. Ден на безбеден интернет 2022
2. Ден на розовите маици – Стоп за насилството
3. Ден на шегата
Нашите млади новинари се пошегуваа и покажаа дека за ширење на лажна вест доволно е да имате желба и интернет конекција. Размислете двапати пред да одлучите за каква вест станува збор.
4. Ден на планетата Земја
-една поинаква еТвинерска зелена визија
https://en.calameo.com/books/0070610693495ccd61f33?fbclid=IwAR3PTBDhb3S5fG0qpKk6cdaYC-j91mKxDhmF1GNAXoCYpzCxWpDeFkATFlc
5. FOG е-книга
https://madmagz.com/magazine/2015928
Гимазијада 2022
На ден 13.05.2022г. се одржа Гимазијада во Струмица. Околу шестотини ученици од средни училишта од земјава учествуваа на традиционална Гимназијада.
Учениците имаа можност да се натпреваруваат во повеќе категории: кошарка, фудбал, футсал, ракомет и одбојка. Се натпреваруваа во машка и женска конкуренција. Од вкупно 40 средношколски екипи, нашите кошаркарки освоија прво место.
Им посакуваме уште многу успеси во иднина!
- Published in Останато
Успешен настап на учениците од СОУ„Ѓорче Петров“ на Образовното рандеву МАССУМ во Велес
Нашите ученици постигнаа исклучителни резултати на Образовното рандеву МАССУМ кое се одржа на 06.05.2022г. во Велес.
Наградени се следниве ученици:
1. Маја Тасевска – III место (категорија: јавно говорење),
ментор проф. Зорица Давитковска
2. Драмската секција од IV година – II место (категорија: драмска претстава),
ментори проф. Лиле Стојановска и проф. Елена Трајчевска
3. Бојан Јакимовски – II место (категорија: интервју за работа на англиски јазик), ментор проф. Ивана Станковска
4. Ана Стојановска – I место (категорија: најдобар пингпонгар-женска категорија), ментор проф. Мартин Стаменковски
5. Антонио Крстевски – II место (категорија: најдобар пингпонгар-машка категорија), ментор проф. Мартин Стаменковски
Им посакуваме уште многу успеси во иднина!
- Published in Останато