еТвининг проект: Fake-O-Gram (FOG)
Со цел да се подигне медиумската писменост кај учениците, СОУ „Ѓорче Петров“ соработуваше со училишта од Турција, Франција, Португалија, Романија, Хрватска и Италија.
Наша единствена цел е да научат учениците како да препознаваат лажни вести и да ја подобрат дигиталната писменост преку интерактивни игри во соработка со врсници од европските држави.
Во склоп на проектот беа изработени повеќе дигитални продукти меѓу кои:
1. Ден на безбеден интернет 2022
2. Ден на розовите маици – Стоп за насилството
3. Ден на шегата
Нашите млади новинари се пошегуваа и покажаа дека за ширење на лажна вест доволно е да имате желба и интернет конекција. Размислете двапати пред да одлучите за каква вест станува збор.
4. Ден на планетата Земја
-една поинаква еТвинерска зелена визија
https://en.calameo.com/books/0070610693495ccd61f33?fbclid=IwAR3PTBDhb3S5fG0qpKk6cdaYC-j91mKxDhmF1GNAXoCYpzCxWpDeFkATFlc
5. FOG е-книга
https://madmagz.com/magazine/2015928
Гимазијада 2022
На ден 13.05.2022г. се одржа Гимазијада во Струмица. Околу шестотини ученици од средни училишта од земјава учествуваа на традиционална Гимназијада.
Учениците имаа можност да се натпреваруваат во повеќе категории: кошарка, фудбал, футсал, ракомет и одбојка. Се натпреваруваа во машка и женска конкуренција. Од вкупно 40 средношколски екипи, нашите кошаркарки освоија прво место.
Им посакуваме уште многу успеси во иднина!
- Published in Останато
Успешен настап на учениците од СОУ„Ѓорче Петров“ на Образовното рандеву МАССУМ во Велес
Нашите ученици постигнаа исклучителни резултати на Образовното рандеву МАССУМ кое се одржа на 06.05.2022г. во Велес.
Наградени се следниве ученици:
1. Маја Тасевска – III место (категорија: јавно говорење),
ментор проф. Зорица Давитковска
2. Драмската секција од IV година – II место (категорија: драмска претстава),
ментори проф. Лиле Стојановска и проф. Елена Трајчевска
3. Бојан Јакимовски – II место (категорија: интервју за работа на англиски јазик), ментор проф. Ивана Станковска
4. Ана Стојановска – I место (категорија: најдобар пингпонгар-женска категорија), ментор проф. Мартин Стаменковски
5. Антонио Крстевски – II место (категорија: најдобар пингпонгар-машка категорија), ментор проф. Мартин Стаменковски
Им посакуваме уште многу успеси во иднина!
- Published in Останато
Оглас за запишување ученици во СОУ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ Крива Паланка за учебната 2022/2023 година
- Published in Останато
Проект„Суперучилишта“, во рамки на програма на RYCO за размена на ученици-дел I
Во рамки на проектот „Ајде да се запознаеме и да изградиме цврсти пријателства“, финансиран од програмата „Суперучилишта“ кофинансирана од Европската Унија и германското Сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ) и имплементиран од Deutsche Gesellchaft fur Internationale Zusammenarbeit (GIZ) заедно со Регионална канцеларија за младинска соработка (RYCO), се реализираше првата размена.
Од 11 до 16 април 2022г. 14 ученици од I до III година под менторство на проф. Елена Ѓорѓиевска и проф. Ивана Станковска имаа можност да учествуваат на ученичка размена во Скадар, Р. Албанија.
Наш домаќин беше средното училиште Осо Кука.
Разменивме културни обичаи, се дружевме и заклучивме дека сите имаме еден заеднички јазик- јазикот на пријателството.
И покрај тоа што сме различни сепак споделуваме исти интереси, а токму тоа е солидна подлога за понатамошна соработка.
Со радуваме на нашата идна средба во нашиот град!
Видео презентација од нашите активности:
https://www.canva.com/design/DAE-PQETnnM/hS5C0DKohb1esmco9ZbjxQ/view?utm_content=DAE-PQETnnM&utm_campaign=designshare&utm_medium=link&utm_source=publishsharelink
- Published in Останато
Женската кошаркарска екипа при СОУ „Ѓорче Петров“ продолжува со успеси
- Published in Останато
Првоаприлски хепенинг
- Published in Останато
Посета на Софија во рамките на Еразмус+ проект
Нашето училиште СОУ „Ѓорче Петров“ како партнер и училиштата: GO! atheneum Leuven- Белгија (партнер); Karl Schiller Berufskolleg – Германија (координатор) и 19. СУ “Елин Пелин“ -Бугарија (партнер), ја реализираа првата мобилност од проектот Yes Europe III – младите студираат и работат во Европа, во период од 20.03.2022 до 26.03.2022 година.
Домаќин училиште на оваа мобилност беше 19.СУ “Елин Пелин“ од Софија Р, Бугарија.
Пет ученика, придружувани од наставничките Елена Ѓорѓиевска и Ивана Станковска, имаа можност да учествуваат во оваа размена.
Во текот на реализацијата учесниците имаа можност да работат во мешовити интернационални тимови, да се запознаат подобро со културата, храната на државата – домаќин, како да се студира и најде работа, како да се подготват за интервју за работа и направија и тест на личноста. Исто така ги посетија и следниве институции:
- ВУЗФ (Висше училище по застраховане и финанси)
- TELUS International (BPO company-аутсорсинг на деловни процеси)
- Puzl Coworking (coworking space)
- GrECo Bulgaria (осигурителен брокер)
- Cteam ( компанија за човечки ресурси)
Покрај новостекнатите вештини учениците имаа можност и да склучат нови пријателства и да се дружат со своите врсници од Германија, Белгија и Бугарија.
„Дружењето и комуникацијата со ученици и колеги од различни европски земји нè збогатуваат со знаења не само од дадената област туку и искуства воопшто од животот. Овие средби и проекти нè мотивираат да работиме уште подобро и уште повеќе се со цел да им овозможиме на нашите ученици да ги прошират своите хоризонти“ – изјавија професорките Ѓорѓиевска и Станковска.
- Published in Останато
Михаела Алексовска – гордост на училиштето, амбасадор на градот
- Published in Останато
Завршна сметка 2021 година
- Published in Останато