Хуманитарна акција под мотото: Нашето малку, некому значи многу!
Училишната заедница со помош на вработените при СОУ „Ѓорче Петров“, одлучија да организират неколку настани со цел да им се помогне на граѓаните од социјално-ранливи категории.
1. По повод 3 Декември- Меѓународен ден на лицата со попреченост, претставниците од Училишната заедница при СОУ Ѓорче Петров ги посетија лицата од Дневниот Центар во нашиот град.
Тие рекоа да бидеме секогаш тука за сите лица со попреченост, заедно да работиме, твориме, да ги поддржиме и мотивираме секој ден, а не само на Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Ги вклучија и локалните компании за да можат да им направат новогодишни пакетчиња. Благодарност до сите компании кои дадоа свој придонес во хуманитарната акција организирана од нашите ученици.
2. Не сме сите создадени да правиме големи работи,но затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов. Учениците и вработените се обидоа барем за момент да ги стоплат срцата на повеќечленото семејство Тодоровски од село Одрено, Општина Ранковце,донирајќи облека и храна.
3. Драмската секција се приклучи кон хумнитарната акција и реализираше 3 претстави во Центарот за култура, две за основните училишта од општините Крива Паланка и Ранковце и една за целата јавност. Цената на билетите беше симболична, а сите средства кои ги собраа учениците се наменети за нивни соученици.
Големината на човекот е во неговите дела!
Голема благодарност до сите хумани граѓани и компании кои ни подадоа рака да им ги разубавиме празничните денови што доаѓаат на социјално-ранливите категории.
Ние не застануваме тука, нашата мисија продолжува и понатаму!