Посета на Собранието на РСМ
На ден 08.11.2023 година (среда) учениците од гимназиските паралелки од втора година го посетија Собранието на РСМ.
Имаа можност да се запознаат со функцијата на законодавниот дом на нашата држава, а имаа и увид и во просториите за одржување на седници и работа на пратениците. Учениците беа во придружба на предметниот наставник Татјана Филиповска.
- Published in Останато
Меѓуопштински натпревар во Футсал
На 02.11.2023г. во организација на ОСУС КРИВА ПАЛАНКА во сала “Бранители” се одигра меѓуопштински натпревар во Футсал за машки -средни училишта. Учествуваа екипите на СОУ „Ѓорче Петров“ и СОУ „Митко Пенџуклиски” од Кратово.
Победник е екипата на нашето училиште!
Честитки!
Ви посакуваме успех во понатамошните натпревари.
- Published in Останато
Кратовска комиријада
На ден 28.10.2023 г. (сабота) учениците од угостителско-туристичката струка под менторство на професорите Дане Петровски, Стефан Станоевски и Татјана Анѓеловска учествуваа на манифестацијата Кратовска компиријада која традиционално се одржа по седми пат на Градскиот плоштад во Кратово. На истата учествуваа 136 учесници кои ги презентираа своите специјалитети од компир.
- Published in Останато, Угостителска струка
Саем на книга – Белград 2023
Традиционално последната недела од октомври се одржува Саем на книга во Белград. За првпат наши ученици имаа можност да го посетат овој настан и да се запознаат со најновите наслови на домашната и странска книжевност.
- Published in Останато
Мојот сограѓанин од соседната улица
На конкурсот објавен од страна на Коалиција на граѓански организации – форум на малубројни заедници во Република Македонија, зема учество нашата ученичка Сара Ристовска,
менторирана од страна на проф. Елена Јакимовска. .
Учениците пишуваа есеи на тема: ,,Мојот сограѓанин од соседната улица”. Есеите на учениците се публикувани, а на 18.10.2023г. беа поканети на свечено доделување на награди во Холидеј Ин-Скопје.
- Published in Македонски јазик и литература, Останато
Шопска софра
На ден 09.10.2023 г. се одржа манифестацијата Шопска софра во организација на општина Крива Паланка. На истата земаа учество учениците од угостителско-туристичката струка со традиционални и интернационални јадења. Тие се погрижија нашата трпеза да изгледа фантастично – совршен спој на вкусови!
Тоа го потврдија и присутните.
Нашето училиште беше претставено во најдобро светло.
Голема благодарност до општината што ни овозможи да ја промовираме нашата струка на еден ваков настан и до професорите кои ги менторираа учениците!
- Published in Останато
Посета на Планетариум и Природно научен музеј
На ден 04.10 2023г. учениците од прва година заедно со одговорните професори Гордан Стојановски и Ленче Велиновска ги посетија Планетариумот при МКЦ и Природно-научниот музеј на град Скопје. Преку овие посети беа реализирани воспитно- образовните цели и задачи кои беа планирани со програмата за изведување на оваа еднодневна екскурзија.
- Published in Останато
„Кажи НЕ на дрогата, ДА на животот“
Во рамки на кампањата „Кажи НЕ на дрогата, ДА на животот“ на ден 29.09.2023г. министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и градоначалникот Сашко Митовски го посетија нашето училиште како дел од превентивните активности на МВР за спречување на зависностите од дроги и психотропни супстанци кај младите. Притоа, на учениците им беа поделени едукативно-информативни летоци за квалитетна едукација и заштита од опасностите и пороците на зависностите од дроги.
- Published in Останато
EmpoweredEd – Чекор поблиску до создавање на ко-менаџмент тело!
Во период од 24-27.09.2023г. во Струга нашето училиште беше дел од тренингот во рамки на проектот EmpoweredEd предводен од LEAD- Leaders for Education, Activism and Development.
16 ученици и 8 наставници од 8 различни училишта го започнаа процесот на развивање на сопствен ко-менаџмент модел за заедничко одлучување. Наши претставници беа проф. Катерина М. Наковска и учениците Михаела Јанковска од III-5 клас и Филип Стојановски II-2 клас.
На тренингот учениците и наставниците од 8 средни училишта креираа сопствен прирачник на заедничко одлучување во училиштето.
- Published in Останато
Come In – еТвининг проект во завршна фаза
Come In – еТвининг проект во кој се вклучени 11 наставници од 7 држави и 88 ученици.
Од нашето училиште учествуваа учениците од прва година од електротехничката струка: Алек Стојановски, Јован Јакимовски, Мишо Младеновски, Стефан Величковски, Давид Станојковски и Марио Пешовски под менторство на проф. Ивана Станковска. Овој проект ги спои наставниците и учениците од нашата држава, Турција, Хрватска, Турција, Италија, Франција и Јордан. Споделувавме обичаи и традиции, учевме нови јазици и ги надминавме културните разлики преку другарување.
Учествувавме во изработка на презентации и соработувавме со нашите партнери.
Подолу се прикажани дел од изработките на учениците.
- Колаборативна мапа
2. Ден на безбеден интернет http://linoit.com/users/Ivana_st/canvases/Safer%20Internet%20Day%202023
3. Come In – филм
4. Акростих поема – https://docs.google.com/document/d/12gUswgKbaVK7mNmtikJ5gZ4YZjuZ-hm4M8UWgJ1WJw4/edit
5. Come In – речник со често користени зборови и фрази на 7 јазици
https://www.calameo.com/read/007404836a974eab58f74?fbclid=IwAR3aH2ypJLqNwu4gUDx4reNV3MkOeytrmscjRYe6URVF5e5aHB5pFnXVykc
6. Come In – Ајде да пееме и играме заедно!