Отворен ден на училиштето
Со задоволство ги пречекавме деветтоодделенците од основните училишта: ООУ ,,Христијан Тодоровски-Карпош”, општина Ранковце, ООУ ,,Илинден” и ООУ ,,Св.Јоаким Крчовски”, општина Крива Паланка
Учениците имаа можност одблиску да се запознаат со можностите што ги нуди нашето училиште.

Благодарност до наставниците, стручните соработници и директорите на основните училиштата за взаемната соработка.
Драги ученици ве очекуваме заедно да испишуваме нови достигнувања.
- Published in Останато
Дебата на тема ментално здравје и насилство
На ден 22.05.2023 г. на Филозофскиот факултет, МОН организираше дебата за учениците од средните училишта.
Нашите ученици под менторство на социолог Гордана Стојковска ги споделија своите искуства и впечатоци за нашето училиште на тема ментално здравје и насилство во училиштето.
Се дебатираше на повеќе теми:
– Ефектите од детското насилство врз менталното здравје и благосостојба
– Улогата на училиштата во спречувањето на насилството кај децата
– Важноста на вклученоста на заедницата во справувањето со насилството кај децата
– Влијанието на социјалните медиуми врз насилството кај децата

- Published in Останато
,,Најдобар бизнис концепт за зелени иновации 2023″
Нашите ученички Ангела, Марија, Душица и Теа од трета година под менторство на проф. Горица Вучевска беа дел од големото финале на натпреварот ,,Најдобар бизнис концепт за зелени иновации 2023″ организиран од Националениот центар за развој на иновации и претприемачко учење. Овој настан се одржа на Машинскиот факултет при УКИМ на 13.05.2023 г. во Скопје и е поддржан од многубројни партнери како што се фондацијата Macedonia 2025, Сојузот на стопански комори, Халк банка и други, кои им дадоа можност на 16те најдобри бизнис идеи да се претстават преку CANVAS концептот на тема зелена економија.

Чест и задоволство е да се биде меѓу најдобрите, браво за нашите ученици!

- Published in Електротехничка струка, Останато
Матурско дефиле 2023
Драги наши матуранти, Ви го честитаме матурирањето со желби за добро здравје, среќа и успех во натамошниот живот.
Бидете гордост на вашите родители, на вашите семејства и на целото општество!
Срушете ги сите бариери, дајте им шанса на вашите неограничени можности!
СОУ ,,Ѓорче Петров” се гордее со вас!

- Published in Останато
Генералка викенд
Учениците и наставниците од нашето училиште се вклучија во спроведување на големата еколошка акција „Генералка викенд“.
Со здружени сили до почиста околина!
Генералка викенд 2023
- Published in Останато
Образовно рандеву МАССУМ 2023
Младинската Асоцијација на Средните Стручни Училишта во Македонија-МАССУМ и оваа година го организираше образовното рандеву на 5 и 6 мај во Гостивар.

Нашите ученици земаа учество во повеќе категории и ги освоија следниве награди:
– Категорија: Најдобар постер (прво место)
ученик: Лина Рангелова, ментор: проф. Зорица Ристовска

-Категорија: Најдобра драмска претстава ( трето место)
Драмска претстава: Паланечко Зоне во режија на професорките:
Зорица Давитковска, Елена Јакимовска, Даниела Стојмировска и
Лиле Стојановска.

Честитки до сите ученици и ментори кои земаа учество на ова рандеву!
- Published in Останато
UPSHIFT циклус ДИГИТАЛИЗАЦИЈА!
Здружението ЛЕАД традиционално и оваа година организираше камп за иновации.
Нашите Rebooters -креативни, амбициозни и подготвени да направат промени со еко столче!
Тимот ја намалува потрошувачката на нафта во училиштето за 30% со помош на инфрацрвени дигитални панели. Вградените сензори за температура и притисок од панелите поставени на училишни столчиња ја оптимизираат употребата на енергија за затоплување на просторијата, што пак позитивно се одразува на буџетот на училиштето. Ефикасното затоплување е клучно за еден ученик, а со стратешкото еколошко користење на инфрацрвеното зрачење се постигнува токму тоа.
Тимот во состав:
1. Горана Симонова III-3
2. Ева Симонова II-2
3. Божидар Јанковски II-6
4. Стефан Величковски I-6
5. Јован Јакимовски I-6
6. Бојан Митовски III-7
беше менториран од страна на проф. Драган Китановски.
Успеаа да се пласираaт во топ 10 финалисти кои во склоп на UPSHIFT Bootcamp-от активно работеа на развој на иновативни дигитални решенија поврзани со заштита на животната средина во четирите ВОДА, ВОЗДУХ, ЕНЕРГИЈА и ПОЧВА.
10те тимови ги презентираа нивните иновативни решенија пред жири комисијата во Хотел Дрим-Струга.

Со оваа уникатна идеја Rebooters се пласираа во топ 5 и освоија
120 000 денари да ја спроведат нивната идеја на дело.
Честитки за целиот тим!
Се гордееме со успесите на нашите иновативни и креативни ученици.
Браво!


- Published in Останато
Положување на цвеќе на бистата на великанот ,,Ѓорче Петров”
Цвеќе на бистата на великанот ,,Ѓорче Петров” во нашето училиште кое го носи неговото име.Цвеќе положија претставници од училиштето и општина Крива Паланка. Нека ни е честит и вековит Патрон празникот.
- Published in Останато
Средношколска визија – прв дигитален весник
На 63 годишнината од постоењето на нашето училиште го објавуваме првиот дигитален училишен весник – кој можете да го разгледате на следниов линк: https://www.calameo.com/read/0071209011f7c27742ef5

Честитки за учениците и професорите за сработеното!
- Published in Останато
Редуцирај, рециклирај, реупотреби!
Под ова мото нашите креативци менторирани од страна на проф. Роберт Цветковски, испратија порака дека е време да преземеме нешто ако сакаме да живееме во почиста животна средина.За почеток предлагаме да почнеме да ги менуваме навиките во постапувањето со отпадот ,бидејќи немаме резервна Планета!
- Published in Останато