еТвининг проектот Global Tour Bus на СОУ „Ѓорче Петров“ награден за добра пракса
На ден 12.12.2022г. се одржа Валоризациона конференција на НАЕОПМ во просториите на хотелот Александар Палас-Скопје.
Целта на оваа конференција беше да се претстават успешни проекти од изминатите години кои ќе послужат како пример и поттик за сите останати кои се или сакаат да бидат дел од програмата Еразмус+.
Конференцијата ја отвори директорот на НАЕОПМ Марко Ѓорѓиевски, а на истата имаа можност да се обратат и советникот за млади на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Ѓорѓи Тасев и раководителот на сектор за соработна при Делегација на ЕУ во РСМ, Штефан Худолин.
Проект од нашето училиште беше избран за добра еТвининг практика од државата.
еТвининг амбасадорката од нашето училиште Ивана Станковска, им ги претстави целите, проектниот животен циклус и продуктите кои беа креирани за истиот на присутните.
Чест и задоволство ни е што токму проект на нашето училиште е избран за добра пракса. Се гордееме со успесите на нашите еТвинери!
- Published in Е-твининг
Работилница на тема: Врсничко насилство и превентивни програми
На ден 07.12.2022г. во просториите на нашето училиште се одржа еднодневна работилница за: насилство, врсничко насилство, булинг, ненасилна комуникација и говор на омраза меѓу учениците.
Работилницата ја водеа помошник командир за ЈРМ и превенција
г-дин Зоран Николовски и сменоводител г-дин Сашо Трајковски од ПС на ОН Крива Паланка.
Учениците од прва година имаа можност да се запознаат со видовите насилство, но и како да се превенираат ваквите појави навремено со цел да се избегнат поголеми прекршоци на јавниот ред и мир.
Активно учествуваа во дискусиите за време на работилницата и научија како и каде да пријават сомнеж или насилство врз ученик.
- Published in Останато
ROBOMAC JUNIOR 2022
Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, во соработка со Лабораторијата за производство ФЕИТ-ФабЛаб и студентскиот огранок на IEEE по трет пат го организираше натпреварот во роботика и електроника ROBOMAC Junior, во периодот од 30 ноември до 2 декември 2022.
На ROBOMAC Junior учествуваа 54 ученици од четврта година од 28 средни училишта од државата, поделени во 2 категории. Освен активностите од натпреварувачки карактер, учесниците имаа можност да следат и неколку предавања во кои беа претставени популарни теми од роботиката, вештачката интелигенција и електрониката, одржани од професори и експерти во областа.
Од нашето училиште учествуваа ученците:
- Иван Цветановски IV 6, категорија – Автономна мобилна роботика
- Антонио Крстевски IV 6, категорија – Паметна електроника за автономни возила
Ученикот Иван Цветановски заедно со својот тим го освои ТРЕТОТО место за кое доби медал како и стипендија за студеирање на ФЕИТ. Додека ученикот Антонио Крстевски се стекна со пофалница за успешната работа на натореварот.
Средношколците кои беа вклучени на натпреварите имаа можност преку работа со вистински роботи да се запознаат со сите клучни аспекти на еден роботски систем, почнувајќи од неговиот хардвер, можноста за негово програмирање преку соодветен софтвер, како и предизвиците за внесување на одредено ниво на интелигенција во истиот.
Честитки до учениците и нивните ментори!
- Published in Електротехничка струка
Проект EcoFRAlogie
Нашите ученички од IV година земаа учество натпревар во рамките на проектот EcoFRAlogie
Ученичките: Лина Рангелова, Мими Јакимовска и Симона Стојковска од IV-2 под менторство на професорката по француски јазик Сашка Младеновска изработија фото-роман , додека пак ученичката Антонела Маџовска од IV-3 под менторство на професорката по француски јазик Мимоза Ивановска освои 3 место на натпреварот по читање.
Изработките на нашите ученички како и на останатите учесници можете да ги видите на следниве линкови:
https://digipad.app/p/201154/0802ba6b3934c
„За карактерот на некое човечко битие да открие навистина исклучителни доблести, треба да ја имаме среќата да можеме со години да го набљудуваме неговото дело. Ако во тоа дело нема ни тошка себичност, ако идејата што го води е невидено великодушна, ако е апсолутно сигурно дека не побарало никаков надоместок, а згора на тоа, во светот оставило видливи траги, тогаш сме, несомнено, пред некој карактер за паметење.“
- Published in Странски јазици
- 1
- 2