Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, во соработка со Лабораторијата за производство ФЕИТ-ФабЛаб и студентскиот огранок на IEEE по трет пат го организираше натпреварот во роботика и електроника ROBOMAC Junior, во периодот од 30 ноември до 2 декември 2022.
На ROBOMAC Junior учествуваа 54 ученици од четврта година од 28 средни училишта од државата, поделени во 2 категории. Освен активностите од натпреварувачки карактер, учесниците имаа можност да следат и неколку предавања во кои беа претставени популарни теми од роботиката, вештачката интелигенција и електрониката, одржани од професори и експерти во областа.
Од нашето училиште учествуваа ученците:
Иван Цветановски IV 6, категорија – Автономна мобилна роботика
Антонио Крстевски IV 6, категорија – Паметна електроника за автономни возила
Ученикот Иван Цветановски заедно со својот тим го освои ТРЕТОТО место за кое доби медал како и стипендија за студеирање на ФЕИТ. Додека ученикот Антонио Крстевски се стекна со пофалница за успешната работа на натореварот.
Средношколците кои беа вклучени на натпреварите имаа можност преку работа со вистински роботи да се запознаат со сите клучни аспекти на еден роботски систем, почнувајќи од неговиот хардвер, можноста за негово програмирање преку соодветен софтвер, како и предизвиците за внесување на одредено ниво на интелигенција во истиот.
Честитки до учениците и нивните ментори!