Акција за пошумување!
Околу стотина ученици придружувани од професорите Гордан Стојановски и Стефани Давидовска беа дел од акцијата за пошумување на опожарени површини во атарот на село Т’лминци. На истата беа засадени 3.000 садници црн бор. Акцијата ја организираше Извидничкиот одред од Крива Паланка “Наум Наумовски Борче” во рамки на проектот ,,Боренка” со поддршка од општина Крива Паланка и UNDP. Освен извидници на ИО “Наум Наумовски Борче” на акцијата се приклучија и Сојуз на извидници на Македонија; вработени од Јавното претпријатие “Македонски шуми”; ПШСВ “Осогово”, Крива Паланка и еколошкото здружение “Осоговски акцијаши”.