Факултет за природни и технички науки, Универзитет „Гоце Делчев“ Штип на гости кај нас
На ден 29.02.2024г. наши гости беа универзитетските професори Виолета Стефанова и Лазар Ѓорѓиев од Факултетот за природни и технички науки од Штип. На учениците им ги промовираа струките што ги нуди нивниот факултет како и условите за запишување и поволностите. Акцент беше ставен на предностите што ги имаат учениците по завршување на овие струки, но им беше објаснето и како функционира нивниот е-индекс и е-библиотека. Исто така свое излагање имаше и инжинерот од рудникот „Тораница”, Марјан Крстевски, кој им појасни каква е работата и перспективата на еден геолошки инжинер.