Обука за Развој на емоционалната интелигенција
На 28.11.2019 година во просториите на СОУ Ѓорче Петров се одржа обука за Развој на емоционалната интелигенција (од потенцијал до талент). Обуката беше спроведена од Претседателот на Македонската асоцијација за надарени и талентирани, проф.д-р Љупчо Кеверески. Обуката ја проследија сите наставници и стручните соработници во училиштето.