SAVE OUR PLANET
- Published in Е-твининг
LESS CONSUMPTION – LESS WASTE
- Published in Е-твининг, Странски јазици
Одбележување на 15 години од постоење на еТвининг платформата и Денот на Европа
- Published in Е-твининг
Резултати од спроведеното тестирање од проектот – Учење преку работа во рамки на програмата Еразмус КА102
Комисијата при проектот Учење преку работа, после прегледување на документите и пријавите за учество во истиот и според наведените критериуми, ги избра следниве ученици:
- Срѓан Димитровски
- Александар Митовски
- Наум Станковски
- Бисера Миленковска
- Антонија Петковска
Во случај некој од избраните ученици да не може да учествува ќе биде заменет со некој ученик од резервната листа, притоа почитувајќи ги критериумите на проектот.
На резервна листа се следниве ученици:
- Јован Тасевски
- Давид Митовски
- Симеона Павловска
Еко активизам по повод 60 години од постоење на СОУ Ѓорче Петров
Засадени 60 зимзелени дрвца по повод 60 години од постоењето на СОУ Ѓорче Петров – Крива Паланка.
Акцијата ја започна Градоначалникот Борјанчо Мицевски придружуван од претставници од Општината. Во акцијата учествуваа раководниот кадар на училиштето предводен од Директорката Габриела Стаменковска, поранешни директори на училиштето, претставници од Училишен одбор, Совет на родители, Училишна заедница, претседатели на активи и други вработени во училиштето.
Благодарност до сите кои беа дел од акцијата – Еко активизам!
Повик за учество во проект
Почитувани ученици,
Ни претставува посебно задоволство да Ве известиме дека во рамките на програмата ЕРАЗМУС +, акција КА102 – мобилност на ученици и вработени/ кадар во стручно образование и обука, поддржано од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, нашето училиште СОУ Ѓорче Петров како координатор и училиштата: ССОУ Наце Буѓони, Куманово и ССОУ Моша Пијаде, Тетово како партнери го добивме проектот Work based learning – Учење преку работа.
(more…)- Published in Електротехничка струка, Еразмус, Машинска струка, Останато
Упатство за полесна навигација на Twinspacе
Kлучна акција КА101: Учење преку индивидуални мобилности
Запознавање на наставниците со профилот на обуките и критериумите за избор на наставници
На ден 30.10.2019 година се одржа Наставнички совет на кој наставниците беа запознати со профилот на избраната обука, начинот на вклучување на наставниците во обуката како и критериумите според кои ќе бидат избрани наставниците за посета на истата. Подетални информации се достапни во следната презентација:
(more…)Добиен грант од Еразмус+ програмата, клучна акција КА102: Мобилност на наставен кадар во стручно образование и обука
Во рамките на програмата ЕРАЗМУС +, акција КА102 – мобилност на ученици и вработени/ кадар во стручно образование и обука, поддржано од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, нашето училиште СОУ Ѓорче Петров како координатор и училиштата: ССОУ Наце Буѓони, Куманово и ССОУ Моша Пијаде, Тетово како партнери го добија проектот Work based learning – Учење преку работа.
Резултатите можат да се видат на следниот линк.
Сите учесници во проектот ги претставуваат училиштата и нивната работа во стручното образование. Во мобилноста од секое училиште ќе учествуваат по 5 ученици и 1 наставник, односно вкупно 15 ученици и 3-ца наставници од нашата држава ќе патуваат во Povoa de Varzim, Португалија. Учениците и наставниците кои ќе бидат вклучени во проектот ќе развијат различни вештини вклучувајќи: професионални вештини, социјални и мултикултурни, интеграција во различни средини, одговорности, јазични подобрувања и други вештини и придобивки. Во тек се договори, организација и подготовки за реализација на проектот. Одговорен наставник-коодинатор на проектот е Драгана Величковска.
еТвининг приказни за поговорки и идиоми
Нашите ученици заедно со ученици од Турција, Шпанија и Хрватска во текот на учебната година изработија апликација преку која ги доловија значењата на најупотребувани поговорки и идиоми на својот мајчин јазик и на англиски јазик.
Изработките проследете ги на следниoв линк: https://view.genial.ly/5cfaf741438c1e0f8810c645