Бронза за СОУ „Ѓорче Петров“ на Европското кошаркарско средношколско првенство
Прв Европски медал за СОУ ,,Ѓорче Петров” освоен на првото ‘историско’ учество на Европското кошаркарско средношколско првенство кое се одржа од 12 до 17 јуни 2023 година во Скопје.
Видео од прогласувањето на победниците: https://www.facebook.com/watch/?v=814832996443628
Честитки за целиот тим продолжете смело кон врвот!
Ви посакуваме уште поголеми успеси
- Published in Спорт
Европски ознаки за квалитет
Нашето училиште и оваа година е наградено со Европска ознака за квалитет за работа на еТвининг проектите:
- FOG (Fake-O-Gram)
- 2eco&health
- Climate warriors
- Virtual Tour: YES Europe III
Ова значи дека работата на нашите ученици под менторство на наставничката Ивана Станковска е признаена на највисоко Европско ниво.
Нашите проекти ќе се вметнат во посебен простор на Европскиот портал www.etwinning.net.
Честитки и благодарност до сите ученици за нивното достигнување!
- Published in Е-твининг
Средношколски размислувања 2023
Седма година по ред Меѓународен Славјански Универзитет од Свети Николе објавува конкурс за Најдобар средношколски есеј.
Искрени, сатирични, духовити, храбри, креативни, интелигентни, емоционални, визионерски…
Баш такви есеи какви што средношколците сакаат да напишат!
Есеи што навистина можат да ги отсликаат средношколските размислувања.
Оваа година нашиот ученик Бојан Јакимовски од IV-1 паралелка под менторство на проф. Ивана Станковска освои:
- Трета награда со есејот – Changes in education create a better life
- Бронзена плакета, сет за пишување и 3 книги, МСУ подароци
Честитки ти посакуваме уште многу успеси во иднина!
- Published in Странски јазици
Средба под јаворите-Видое Подгорец
На ден 08.06.2023г. во Колешино-Струмица свечено беа доделени наградите по повод распишаните конкурси за деца и наставници во рамки на манифестацијата „Средби под јаворите-Видое Подгорец 2023“. За учесниците беше организирана посета на куќата на Видое Подгорец како и пикник во ООУ„Видое Подгорец“-Колешино.
На конкурсот – Илјада цветови , нашата ученичка Јована Ѓорѓивска под менторство на проф. Елена Јакимовска освои 3 место.
Честитки, ви посакуваме уште многу награди!
- Published in Македонски јазик и литература
Европско првенство во кошарка
Кошаркарките на СОУ ,,Ѓорче Петров” за првпат учествуваат на европско првенство во кошарка под менторство на проф. Ведран Белешковски.
Им посакуваме успех на претстојните натпревари !
- Published in Спорт
YES Europe III – работилница
Во рамки на иницијативата Европска година на вештини, учениците кои учествуваа на Еразмус+ проектот ДА Европа III на мобилноста во Р. Германија одржаа работилница за пренесување на стекнатите знаења во странство.
Работилницата се одржа на ден 08.06.2023г. во просториите на нашето училиште.
Главна цел на работилницата беше да се зајакнат компетенциите на учениците и да се подобрат нивните кариерни можности.
Учениците им презентираа на врсниците како да најдат работа, студии и сместување во странство, но исто така им презентираа како да се подготват за интервју за работа преку симулација на интервјуа; како да напишат CV и мотивационо писмо.
ЗАБЕЛЕШКА: Финансирано од Европска Унија. Искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската Унија, ниту „EACEA“
не можат да сносат одговорност за нив.
- Published in Еразмус
Нула отпад во околината
Во склоп на иницијативата Европска година на вештини, учениците кои учествуваа на Еразмус+ проектот Нула отпад од клучна акција КА 210 поддржан од НАЕОПМ и финансиран Европската Унија одржаа работилница заедно со нивните врсници, еко-ентузијасти за зајакнување на зелените вештини.
Работилницата се одржа во Европската куќа во Крива Паланка на ден 06.06.2023 година, со почеток од 12 часот.
Нивно мото беше: Повеќе зеленило – помалку отпад!
Освен пренос на новите вештини стекнати преку Еразмус+ проектот, овие зелени херои, демонстрираа и конкретни чекори за нивна имплементација и реалните придобивки кои ги имаат животната средина и човековото здравје од истите .
Големо браво за Еразмус тим кој остава позитивни примери кои треба да ги следат сите генерации!
ЗАБЕЛЕШКА: Финансирано од Европска Унија. Искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската Унија, ниту „EACEA“
не можат да сносат одговорност за нив.
Превенција од трговија со луѓе
На ден 05.06.2023 година полициските службеници од Регионален центар за гранични работи – Исток реализираа едукативна превентивна средба со учениците од СОУ ,,Ѓорче Петров “ Крива Паланка , на тема ,,Превенција од трговија со луѓе“.
Учениците, покрај подготвената презентација околу појавата и формите на трговија со луѓе, имаа можност да го проследат и филмот ,,Набљудувачи“ во НУ Центар за култура-Крива Паланка, кој е со едукативен карактер. Потоа преку анализа на филмот во разговор со полициските службеници учениците можеа да ги воочат различните ситуации во кои може да се соочи една млада личност, а коишто можат да доведат до непријатни искуства. Преку дебата тие беа запознаени со начините за детектирање и превенирање на ваквиот криминалитет.
- Published in Останато
Отворен ден на училиштето
Со задоволство ги пречекавме деветтоодделенците од основните училишта: ООУ ,,Христијан Тодоровски-Карпош”, општина Ранковце, ООУ ,,Илинден” и ООУ ,,Св.Јоаким Крчовски”, општина Крива Паланка
Учениците имаа можност одблиску да се запознаат со можностите што ги нуди нашето училиште.
Благодарност до наставниците, стручните соработници и директорите на основните училиштата за взаемната соработка.
Драги ученици ве очекуваме заедно да испишуваме нови достигнувања.
- Published in Останато
Државен натпревар по биологија
На ден 27.05.2023 година се одржа Државен натпревар по биологија во Скопје.
На истиот учествуваа наши ученици и ги постигнаа следниве резултати:
Димитар Стојановски II награда
Горана Симонова II награда
Ева Симонова III награда
Наум Стојановски пофалница
- Published in Природни предмети