,,Младински клубови за учество”
Нашето училиште е дел од проектот Младински клубови за учество кој опфаќа 5 средни училишта, секое претставувано од 3 средношколски клубови кои ќе развијат и спроведат своја иницијатива во областа на контроверзни теми.
Овој проект има за цел да придонесе кон зголемување на степенот на младинско учество преку зајакнување на капацитетите на 15 средношколски клубови и доближување на контроверзните теми до младите.
Нашата иницијатива се вика: Ментални оклопи
Контроверзната тема за која ќе зборуваме е преголемата застапеност на малолетничката бременост и грижата за репродуктивното здравје.
Тимот го сочинуваат ученичките: Михаела Јанковска, Мила Марковска и Ана Велковска под менторство на проф. Ивана Станковска