YES Europe III – работилница
Во рамки на иницијативата Европска година на вештини, учениците кои учествуваа на Еразмус+ проектот ДА Европа III на мобилноста во Р. Германија одржаа работилница за пренесување на стекнатите знаења во странство.
Работилницата се одржа на ден 08.06.2023г. во просториите на нашето училиште.
Главна цел на работилницата беше да се зајакнат компетенциите на учениците и да се подобрат нивните кариерни можности.
Учениците им презентираа на врсниците како да најдат работа, студии и сместување во странство, но исто така им презентираа како да се подготват за интервју за работа преку симулација на интервјуа; како да напишат CV и мотивационо писмо.
ЗАБЕЛЕШКА: Финансирано од Европска Унија. Искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската Унија, ниту „EACEA“
не можат да сносат одговорност за нив.
- Published in Еразмус
Нула отпад во околината
Во склоп на иницијативата Европска година на вештини, учениците кои учествуваа на Еразмус+ проектот Нула отпад од клучна акција КА 210 поддржан од НАЕОПМ и финансиран Европската Унија одржаа работилница заедно со нивните врсници, еко-ентузијасти за зајакнување на зелените вештини.
Работилницата се одржа во Европската куќа во Крива Паланка на ден 06.06.2023 година, со почеток од 12 часот.
Нивно мото беше: Повеќе зеленило – помалку отпад!
Освен пренос на новите вештини стекнати преку Еразмус+ проектот, овие зелени херои, демонстрираа и конкретни чекори за нивна имплементација и реалните придобивки кои ги имаат животната средина и човековото здравје од истите .
Големо браво за Еразмус тим кој остава позитивни примери кои треба да ги следат сите генерации!
ЗАБЕЛЕШКА: Финансирано од Европска Унија. Искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската Унија, ниту „EACEA“
не можат да сносат одговорност за нив.
Превенција од трговија со луѓе
На ден 05.06.2023 година полициските службеници од Регионален центар за гранични работи – Исток реализираа едукативна превентивна средба со учениците од СОУ ,,Ѓорче Петров “ Крива Паланка , на тема ,,Превенција од трговија со луѓе“.
Учениците, покрај подготвената презентација околу појавата и формите на трговија со луѓе, имаа можност да го проследат и филмот ,,Набљудувачи“ во НУ Центар за култура-Крива Паланка, кој е со едукативен карактер. Потоа преку анализа на филмот во разговор со полициските службеници учениците можеа да ги воочат различните ситуации во кои може да се соочи една млада личност, а коишто можат да доведат до непријатни искуства. Преку дебата тие беа запознаени со начините за детектирање и превенирање на ваквиот криминалитет.
- Published in Останато
- 1
- 2