СВЕТСКИ ДЕН НА БУБРЕГОТ
Бубрежно здравје за сите! – е мотото на денешниот едукативен настан организиран од Центарот за дијализа ,,Диаверум” во нашето училиште. Ние се вклучивме во кампањата за одбележување на денот посветен на бубрежното здравје заедно со учениците од здравствената струка. Со тимот од ,,Диаверум” се дискутираше како го сочуваме здравјето на бубрезите и нивната виталност и што да практикуваме како животен стил за да го сочуваме своето здравје.