Регионален натпревар по математика
На ден 2.3.2024 г. се одржа регионален натпревар по математика во нашето училиште.
На натпреварот учествуваа 25 ученика: 16 ученика од СОУ „Гоце Делчев“ – Куманово, 2 ученика од СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе, 1 ученик од СОУ „Наум Наумовски – Борче“ – Пробиштип и 7 ученика од нашето училиште.
Нашите ученици ги постигнаа следниве резултати:
Прва година: Сара Стојановска – ментор Зорица Ристовска, II награда
Втора година: Мартина Ѓорѓиевска- ментор Габриела Стаменковска, III награда Вања Костовска – ментор Габриела Стаменковска, III награда
Сандра Колевска – ментор Габриела Стаменковска, III награда
Димитар Стојановски – ментор Габриела Стаменковска, III награда
Четврта година:
Горана Симонова – ментор Сашка Младеновска, III награда
Наум Стојановски – ментор Сашка Младеновска, III награда.
Делегат на натпреварот од СММ беше Делчо Лешковски.
Седумте ученика од нашето училиште обезбедија учество на Државен натпревар по математика, што ќе се одржи во месец април во Скопје.
Им посакуваме успех!