Промоција на Меѓународниот Балкански универзитет во нашето училиште
На ден 28.02.2024г. наши гости беа проф. др. Џемил Бектовиќ и неговата асистентка Назли Џан од Меѓународниот балкански универзитет, Скопје и ги промовираа програмите што ги нуди универзитетот. На учениците им беше презентирана можноста да се стекнат со меѓународни искуства и подобри академски достигнувања во склоп на програмите што ги нудат како и со начините за стипендирање.