Општински натпревар по англиски јазик
На ден 16.03.2024г. се одржа општински натпревар по англиски јазик за учениците од прва и втора година во ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово.
Учениците од нашето училиште постигнаа солидни резултати и освоија втори места. Сите се пласираа на регионален натпревар.
Прва година
1. Никола Алексовски, I-2 паралелка
2. Петар Цветковски, I-2 паралелка
ментор: проф. Мирјана Станојковска
Втора година
1. Мелани Јовчева, II-5 паралелка
2. Сандра Колевска, II-1 паралелка
ментор: проф: Билјана М. Михајловска
Им посакуваме успех и во понатамошните фази од натпреварот!