Новинарски спринт во СОУ „Ѓорче Петров“
Дезинформации, мисинформации и малинформации се манипулации со информациите кои предизвикуваат штета.
Некои од нив се шират намерно, а некои без првичната цел да се наштети некому.
Овие теми беа обработени во рамки на новинарскиот спринт кој се одржа на 06.03.2024г. во просториите на училиштето. Учениците учеа од новинарот Михајло Лахтов. Заеднички анализираа медиумски содржини и разговараа за содржините што би го објавувале кога би биле новинари, но и како да направат структура на вест, користејќи ги петте новинарски прашања.
Новинарскиот спринт го организираа Институтот за комуникациски студии (ИКС) и ИРЕКС во рамките на проектот за медиумска писменост на УСАИД „Младите размислуваат“.
Им благодариме за посетата и им ветуваме дека ќе креираме оригинални медиумски содржини!