На час по новинарство со Ирена Белешковска
Денеска во нашето училиште се одржа едукативна, новинарска работилница за членовите на Тинтим во реализација на Ирена Белешковска.Младите новинари од нашето училиште имаа можност да учат од новинар со долгогодишно искуство. Учеа преку примери од секојдневието, па дури и се ставија во улога на активни новинари кои треба да реализираат интервју со познати личности. Голема благодарност до Ирена Белешковска што несебично го сподели своето искуство со нашите новинари!