Ден на бројот Пи
14 март е прогласен за ден на бројот Пи и се одбележува на разни начини ширум светот.
Во нашето училиште СОУ ,,Ѓорче Петров”, на часовите по математика учениците презентираа интересни факти за бројот Пи и решаваа задачи од планиметрија и тригонометрија во кои се употребува овој број. На часовите по информатика се изработуваа програми за дигитално пресметување на вредноста на бројот Пи.
Учениците од две паралелки креативно ја украсија таблата со преубавиот симбол на бројот. На учениците часовите им беа забавни и несекојдневни.