HOW TO SHOP

1 Login or create new account.
2 Review your order.
3 Payment & FREE shipment

If you still have problems, please let us know, by sending an email to support@website.com . Thank you!

SHOWROOM HOURS

Mon-Fri 9:00AM - 6:00AM
Sat - 9:00AM-5:00PM
Sundays by appointment only!

Вонредните ученици се лица кои образованието го стекнуваат со самообразование, по пат на полагање испити за одреден предмет и програма во училиштето.

Како вонреден ученик може да се запише лице кое исполнува еден од следните услови:

  • да е постар од 17 год.
  • да е на боледување подолг период;
  • да е во работен однос и
  • да го изгубил статусот на редовен ученик по било кој основ.

Во зависност од претходно завршеното образование во нашето училиште вонредното образование може да се реализира на неколку  начина :

  1. За ученици кои имаат  завршено основно образование или го имаат прекинато средното образование од било кои причини важи класичниот начин на вонредно полагање. За упис во III-ти или IV-ти степен кандидатот треба да уплати:
  • Денарска противвредност од 50 евра за упис на година на жиро сметката на училиштето
  • 510 ден за полагање на испит на жиро сметката на училиштето
  • 50 ден административна такса на Буџетската сметка за пријава за упис и за пријава за полагање

2. За ученици кои имаат завршено III степен од одредени образовни профили ,односно ССО со тригодишно траење овозможено е продолжување на образованието во IV степен ,односно во ССО со четиригодишно траење  по вертикална проодност по посебни програми одобрени од МОН .Вертикалната проодност вклучува 5 ( пет)  испити , а потоа кандидатот продолжува во 4 ( четврта)  година од соодветната струка.

За упис во вертикална проодност кандидатот треба да уплати :

  • 2500 ден за упис на жиро – сметката на училиштето
  • 300 ден за полагање на општообразовен предмет на жиро – сметката на училиштето
  • 1000 ден за полагање на стручен предмет на жиро – сметката на училиштето
  • 50 ден за административна такса на Буџетската сметка за пријава за упис и пријава за полагање на испити

Потребни документи за вонреден упис

  • Оригинал свидетелства и диплома од претходно завршено образование
  • Извод од матичната книга на родените на увид
  • Барање за вонреден упис – кај секретарот во училиштето
  • Уплатница за вонреден упис

Во текот на една учебна година училиштето организира  9  испитни сесии и тоа во следните месеци:  октомври, ноември,  декември, февруари, март, април, мај, јуни и август.

Кандидатите во текот на една сесија можат да пријават максимум 3 испита.

Пријавувањето е на 15 ти во месецот кога има испитна сесија, а ако е неработен ден првиот нареден работен ден. Во јунска и августовската испитна сесија заедно со редновните ученици кои се упатени на поправен испит.

Се објавува распоред за полагање на испити на огласна табла кој ќе биде објавен и на веб – страната на училиштето.

Додека кандидатот не заврши со полагање од една наставна година не може да пријави и полага предмети од друга наставна година.

Пријавувањето на испитите се врши во педагошката служба во училиштето со претходно извршена уплата за предметите и административна такса, со пополнување на пријава и записници (кои ги добиваат од училиштето) за испитите кои кандидатот планира да ги полага.


Струки и образовни профили  во кои кандидатите можат вонредно да се школуваат:

Во училиштето се образуваат и оспособуваат кадри за следниве профили:
Во рамките на електротехничката струка постојат следниве образовни профили со четиригодишно траење:

  • Електротехничар за компјутерска техника и автоматика

Во рамките на машинската струка постојат следниве образовни профили со четиригодишно образование:

  • Машински техничар

со тригодишно образование:

  • Автомеханичар

Во рамките на  угостителско-туристичката струка со четиригодишно образование:

постои образовниот профил:

  • Хотелско – туристички техничар

со тригодишно образование:

  • Готвач
TOP