HOW TO SHOP

1 Login or create new account.
2 Review your order.
3 Payment & FREE shipment

If you still have problems, please let us know, by sending an email to support@website.com . Thank you!

SHOWROOM HOURS

Mon-Fri 9:00AM - 6:00AM
Sat - 9:00AM-5:00PM
Sundays by appointment only!

Средното општинско училиште Ѓорче Петров од Крива Паланка  започнува соработа под името гимназија Моша Пијаде на петти  септември 1960 година, со одлукана Народниот одбор на Крива Паланка, а за  прв директор  е назначен професорот поматематика Стојан Тодоровски. На почетокот училиштето работи во зградата на ЦОУЈоаким Крчовски со само три паралелки, со вкупно 97 ученици, за од учебната 1964/1965 година да се најде на сегашната локација, ул.  “8ми Октомври“  бр.91.

Топло сеќавање во јубилејната година и кон ликот и делото на првиот Патрон  на училиштето: 

Моша Пијаде-Чичко Јанко(1890-1957г.), политички работник и државник,сликар и новинар кој се формирал низ историјата на СФРЈ, а чијшто животен пат завршува со плодна активност од половина век. Прогласен е за народен херој и бил ччлен на САНУ. Преведувач на Марксовиот капитал, Комунистичкиот манифест, Беда на филозофијата за време на робувањето во Лепоглава. Учесник е во НОБ, а по завршувањето на војната претседател е на Уставотворниот одбор и на Законодавниот одбор, давајќи придонес во подготвувањето на текстот на Уставот,Уставниот закон, Кривичниот закон и Законот за избор на народни пратеници. Како државник и политичар учествувал во повеќе Мировни конференции.

Со текот на времето училиштето го менува своето име, па така на 08.06.1987 гимназијата Моша Пијаде се преименува во УСО “Моша Пијаде“, на 13.09.1993 во УСО “Ѓорче Петров“, а  на 10.04.2006 година го  доби  денешното име  СОУ “Ѓорче Петров“.

Следуваат години на растење, зреење, творење и успеси во сите сфери на воспитно&образовниот процес. Од приложениот хронолошки преглед може да се види  кои сè  струки и профили биле застапени и кои  наставни планови и програми се реализирани во текот на изминатите 50 години.  Во периодот од 1960 година  до 1982 година училиштето работи како гимназија;

  • Во учебната 1973 година се воведува текстилна струка со повеќе профили (од 2000 година е во мирување) 
  • Во 1974 година – започнува со работа   машинска струка бравар; 
  • 1980/81 година – се воведува насочено образование; 
  • 1983/84 година – се воведува градежна струка, опстојува три генерации и сега е во мирување; 
  • 1989/90 година – повторно се воведува гимназиско образование; Откривање на бистата на Ѓорче Петров,
  • мај 2000 – Резба со ликот на Ѓорче Петров изработенa од ученик на осоговски даб
  • 1989/90 година.  – машинската струка се проширува со четврт степен, машински техничар; 
  • 2001/02 година   –  се воведува нов концепт на реформирано гимназиско образование;   
  • 2004/05 година  – се воведува профил машинист за ладилни и компресорски постројки;  
  • 2005/06 година   машинските техничари работат по ФАРЕ програма; 
  • 2006 година училиштето го промени  Статутот во Средно општинско училиште. 
  • 2006/07 година  – се воведува сообраќајна струка техничар за транспорт и шпедиција;
  • 2010/2011 година – се донесе решение за  воведување две нови струки: електротехничка струка-електротехничар за компјутерска техника и автоматика и угостителско-туристичка струка – келнер/готвач.

  Училиштето во 1960 год започна со  97 ученици,   бројот постојано расте и  во 1995 достигна год. 1235 ученици. Денес, во учебната  2009/2010  имаме  запишано 994  ученици распоредени во 39 паралелки, што значи дека последните години бројот на учениците постепено се намалува.

 Во текот на 50 годишното работење на училиштето, со дипломи за завршено средно образование се стекнале 9942 ученици, од кои 6889 ученици од гимназиското образование и тоа: 6389 ученици од   општо и општествено –хуманистичко подрачје, 446 ученици од  природно&математичкото подрачје, 53 ученици од јазично&уметничкото подрачје и 3055 ученици од стручното образование  и тоа: B машинска струка  1694 ученици, од кои бравар 879 ученици и машински техничар 815 ученици;  текстилна струка ((конфекционер, облагородувач, ткајач, предач и конфекциски моделар   1003 ученици;  градежна струка  (градежен техничар ) 266 ученици;  информатичка струка  (информатички техничар) 27 ученици и  сообраќајна струка (техничар за транспорт и шпедиција) – 65 ученици.    

  Значаен број  од овие ученици   завршиле високо образование, станале магистри, доктори на науки  и угледни граѓани. Некои од нашите ученици своите знаења продолжија да ги збогатуваат во Портланд, Луизијана, Кејпт Таун, Чешка, Будимпешта, Александрија, Велика Британија, Љубљана, Франција, Италија, Холандија, Полска и други места.

  Средното општинско училиште Ѓорче Петров од Крива Паланка  започнува соработа под името гимназија Моша Пијаде на петти  септември 1960 година, со одлукана Народниот одбор на Крива Паланка, а за  прв директор  е назначен професорот поматематика Стојан Тодоровски. На почетокот училиштето работи во зградата на ЦОУЈоаким Крчовски со само три паралелки, со вкупно 97 ученици, за од учебната 1964/1965 година да се најде на сегашната локација, ул.  “8ми Октомври“  бр.91.

TOP