YES Europe III – работилница
Во рамки на иницијативата Европска година на вештини, учениците кои учествуваа на Еразмус+ проектот ДА Европа III на мобилноста во Р. Германија одржаа работилница за пренесување на стекнатите знаења во странство.
Работилницата се одржа на ден 08.06.2023г. во просториите на нашето училиште.
Главна цел на работилницата беше да се зајакнат компетенциите на учениците и да се подобрат нивните кариерни можности.
Учениците им презентираа на врсниците како да најдат работа, студии и сместување во странство, но исто така им презентираа како да се подготват за интервју за работа преку симулација на интервјуа; како да напишат CV и мотивационо писмо.
ЗАБЕЛЕШКА: Финансирано од Европска Унија. Искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската Унија, ниту „EACEA“
не можат да сносат одговорност за нив.
- Published in Еразмус
Нула отпад во околината
Во склоп на иницијативата Европска година на вештини, учениците кои учествуваа на Еразмус+ проектот Нула отпад од клучна акција КА 210 поддржан од НАЕОПМ и финансиран Европската Унија одржаа работилница заедно со нивните врсници, еко-ентузијасти за зајакнување на зелените вештини.
Работилницата се одржа во Европската куќа во Крива Паланка на ден 06.06.2023 година, со почеток од 12 часот.
Нивно мото беше: Повеќе зеленило – помалку отпад!
Освен пренос на новите вештини стекнати преку Еразмус+ проектот, овие зелени херои, демонстрираа и конкретни чекори за нивна имплементација и реалните придобивки кои ги имаат животната средина и човековото здравје од истите .
Големо браво за Еразмус тим кој остава позитивни примери кои треба да ги следат сите генерации!
ЗАБЕЛЕШКА: Финансирано од Европска Унија. Искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската Унија, ниту „EACEA“
не можат да сносат одговорност за нив.
Превенција од трговија со луѓе
На ден 05.06.2023 година полициските службеници од Регионален центар за гранични работи – Исток реализираа едукативна превентивна средба со учениците од СОУ ,,Ѓорче Петров “ Крива Паланка , на тема ,,Превенција од трговија со луѓе“.
Учениците, покрај подготвената презентација околу појавата и формите на трговија со луѓе, имаа можност да го проследат и филмот ,,Набљудувачи“ во НУ Центар за култура-Крива Паланка, кој е со едукативен карактер. Потоа преку анализа на филмот во разговор со полициските службеници учениците можеа да ги воочат различните ситуации во кои може да се соочи една млада личност, а коишто можат да доведат до непријатни искуства. Преку дебата тие беа запознаени со начините за детектирање и превенирање на ваквиот криминалитет.
- Published in Останато
Отворен ден на училиштето
Со задоволство ги пречекавме деветтоодделенците од основните училишта: ООУ ,,Христијан Тодоровски-Карпош”, општина Ранковце, ООУ ,,Илинден” и ООУ ,,Св.Јоаким Крчовски”, општина Крива Паланка
Учениците имаа можност одблиску да се запознаат со можностите што ги нуди нашето училиште.
Благодарност до наставниците, стручните соработници и директорите на основните училиштата за взаемната соработка.
Драги ученици ве очекуваме заедно да испишуваме нови достигнувања.
- Published in Останато
Државен натпревар по биологија
На ден 27.05.2023 година се одржа Државен натпревар по биологија во Скопје.
На истиот учествуваа наши ученици и ги постигнаа следниве резултати:
Димитар Стојановски II награда
Горана Симонова II награда
Ева Симонова III награда
Наум Стојановски пофалница
- Published in Природни предмети
Државен натпревар по хемија
Ученици од нашето училиште учествуваа на Државниот натпревар по хемија кој се одржа на 26 мај 2023 на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје и ги постигнаа следниве резултати:
– Димитар Стојановски, трета награда , ментор проф. Валентина Цветановска
– Наум Стојановски, пофалница, ментор проф. Жаклина Димитровска
Честитки драги ученици и ментори,
Се гордееме со Вашите успеси!
- Published in Природни предмети
Дебата на тема ментално здравје и насилство
На ден 22.05.2023 г. на Филозофскиот факултет, МОН организираше дебата за учениците од средните училишта.
Нашите ученици под менторство на социолог Гордана Стојковска ги споделија своите искуства и впечатоци за нашето училиште на тема ментално здравје и насилство во училиштето.
Се дебатираше на повеќе теми:
– Ефектите од детското насилство врз менталното здравје и благосостојба
– Улогата на училиштата во спречувањето на насилството кај децата
– Важноста на вклученоста на заедницата во справувањето со насилството кај децата
– Влијанието на социјалните медиуми врз насилството кај децата
- Published in Останато
Работилница на тема: Развојни микропроцесорски мистеми
На ден 15.5.2023 и 16.5.2023г. Loging Electronics во соработка со ФЕИТ Организираше работилница на тема: Развојни микропроцесорски системи која се оддржа на ФЕИТ, ФАБЛАБ, Скопје во рамките на проектот ,,Технологија за тебе”. За таа цел од нашето училиште учествуваа следниве ученици:
1.Сергеј Крстевски II-6
2. Марија Стефановска III-7
За презентација:
1. Ангела Георгиевска III-7
2. Јована Ѓоргиевска III-7
3. Tea Стефановска III-7
4. Тамара Алексовска III-7
5. Давид Јакимовски III-7
Учениците добија сертификати за успешно претставување на настанот како и ваучери за платена пракса во Loging Electronics.
- Published in Електротехничка струка
,,Најдобар бизнис концепт за зелени иновации 2023″
Нашите ученички Ангела, Марија, Душица и Теа од трета година под менторство на проф. Горица Вучевска беа дел од големото финале на натпреварот ,,Најдобар бизнис концепт за зелени иновации 2023″ организиран од Националениот центар за развој на иновации и претприемачко учење. Овој настан се одржа на Машинскиот факултет при УКИМ на 13.05.2023 г. во Скопје и е поддржан од многубројни партнери како што се фондацијата Macedonia 2025, Сојузот на стопански комори, Халк банка и други, кои им дадоа можност на 16те најдобри бизнис идеи да се претстават преку CANVAS концептот на тема зелена економија.
Чест и задоволство е да се биде меѓу најдобрите, браво за нашите ученици!
- Published in Електротехничка струка, Останато
Матурско дефиле 2023
Драги наши матуранти, Ви го честитаме матурирањето со желби за добро здравје, среќа и успех во натамошниот живот.
Бидете гордост на вашите родители, на вашите семејства и на целото општество!
Срушете ги сите бариери, дајте им шанса на вашите неограничени можности!
СОУ ,,Ѓорче Петров” се гордее со вас!
- Published in Останато