На ден 14.03.2023 година во СОУ Ѓорче Петров се одржа настан во чест на одбележување на Меѓународниот ден на математиката ДЕН НА БРОЈОТ ПИ.
Настанот го организираа членовите на активот по математика и информатика, училишната заедница како и учениците од угостителско-туристичката струка.
Водител и одговорен ученик на целата манифестација беше ученичката Горана Симонова.
Организаторите имаа кратка презентација за значењето, вредноста и примената на бројот π.
Се одржа и квиз во кој што однапред пријавените тимови имаа право да одбираат прашања од типот на логички задачи поврзани со секојдневниот живот .
Комисијата составена од членови на активот по математика и информатика врз основаа на освоените поени ги прогласи победничките тимови ученици од паралелка 3-2 како победници во смената прва и трета година и ученици од паралелката 4-2 победници од смена втора и четврта година .
На победничките тимови директорката Елена Ѓорѓиевска и подели награди.
Се читаа интересни досетки и шеги поврзани со математиката
Учениците од угостителско-туристичката струка подготвија пити и колачиња на кои беше нацртан симболот π.
Благодарност до сите учесници кои дадоа придонес за успешно одбележување на овој ден!