Еразмус+ денови 2023
Традицијата продолжува… 🙂
И оваа година ги одбележуваме Еразмус+ деновите во нашето училиште.
- Published in Еразмус
Училиштен натпревар по македонски јазик
На ден 10.10.2023г. се одржа училиштен натпревар по Македонски јазик и литература. На натпреварот учествуваа 5 ученика од втора година:
1. Никола Митовски од II-1 клас
2. Ангела Илиевска од II-1 клас
3. Димитар Стојановски од II-1 клас
4. Дона Ангеловска од II-3 клас и
5. Симона Стојановска од II-3 клас
Ученичката Ангела Илиевска го освои првото место, додека ученикот Димитар Стојановски освои второ место. И двајцата се пласираа на претстојниот регионален натпревар во Куманово.
- Published in Македонски јазик и литература
Шопска софра
На ден 09.10.2023 г. се одржа манифестацијата Шопска софра во организација на општина Крива Паланка. На истата земаа учество учениците од угостителско-туристичката струка со традиционални и интернационални јадења. Тие се погрижија нашата трпеза да изгледа фантастично – совршен спој на вкусови!
Тоа го потврдија и присутните.
Нашето училиште беше претставено во најдобро светло.
Голема благодарност до општината што ни овозможи да ја промовираме нашата струка на еден ваков настан и до професорите кои ги менторираа учениците!
- Published in Останато
Посета на Планетариум и Природно научен музеј
На ден 04.10 2023г. учениците од прва година заедно со одговорните професори Гордан Стојановски и Ленче Велиновска ги посетија Планетариумот при МКЦ и Природно-научниот музеј на град Скопје. Преку овие посети беа реализирани воспитно- образовните цели и задачи кои беа планирани со програмата за изведување на оваа еднодневна екскурзија.
- Published in Останато
„Кажи НЕ на дрогата, ДА на животот“
Во рамки на кампањата „Кажи НЕ на дрогата, ДА на животот“ на ден 29.09.2023г. министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и градоначалникот Сашко Митовски го посетија нашето училиште како дел од превентивните активности на МВР за спречување на зависностите од дроги и психотропни супстанци кај младите. Притоа, на учениците им беа поделени едукативно-информативни летоци за квалитетна едукација и заштита од опасностите и пороците на зависностите од дроги.
- Published in Останато
EmpoweredEd – Чекор поблиску до создавање на ко-менаџмент тело!
Во период од 24-27.09.2023г. во Струга нашето училиште беше дел од тренингот во рамки на проектот EmpoweredEd предводен од LEAD- Leaders for Education, Activism and Development.
16 ученици и 8 наставници од 8 различни училишта го започнаа процесот на развивање на сопствен ко-менаџмент модел за заедничко одлучување. Наши претставници беа проф. Катерина М. Наковска и учениците Михаела Јанковска од III-5 клас и Филип Стојановски II-2 клас.
На тренингот учениците и наставниците од 8 средни училишта креираа сопствен прирачник на заедничко одлучување во училиштето.
- Published in Останато
Дисеминација на мултилатерален семинар ,,Inclusion and Diversity in eTwinning”
,,Inclusion and Diversity in eTwinning” е мултилатерален семинар кој се одржа во Леириа- Португалија на кој учествуваа 73 учесници од 11 европски држави, меѓу кои и нашата професорка Катерина Митовска- Наковска. Проектот беше реализиран под покровителство на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Професорката Катерина Митовска- Наковска одржа дисеминација на 14.09.2023г. во просториите на училиштето споделувајќи го своето искуство стекнато на семинарот со цел да се надминат бариерите и да овозможи инклузија на сите и секоја индивидуа,како и диверзитетот како предизвик.
- Published in Е-твининг
Доделување на ознаки за квалитет за еТвининг училишта
еТвининг платформата поттикнува размена на идеи, култури и перспективи, оплеменувајќи го образовнието на сите вклучени. На 07.09.2023г. во Europe House Skopje, име беа доделени ознаки за квалитет на 24 еТвининг училишта, лидери во меѓународната соработка и иновации во образованието. Нашето училиште по вторпат ја доби оваа престижна награда благодарение на нашите еТвинери.
еТвининг е одличен пример за тоа како технологијата може да ги премости географските граници, да ги поврзе училниците од различни делови на светот и да ги поттикне едукаторите да внесат иновации во нивните наставни методи.
Се гордееме со овој успех и продолжуваме со работа!
- Published in Е-твининг
Признанија за шампионите од Европските училишни игри во кошарка
Нашите претставнички од женскиот кошаркарски тим
кои беа најдобри на државните натпревари и го освоија одличното трето место, во придружба на директорката Елена Ѓорѓиевска и проф. Ведран Белешковски беа на свечено доделување на признанија во Агенцијата за млади и спорт. Истите им беа врачени од страна на Наумче Мојсовски, директор на АМС. Иако нивните очекувања беа повисоки, повредата на најдобрата кошаркарка во тимот, како и отсуството на неколку репрезентативки беа причините за освоената бронза.
Но, како што кажа Мојсовски: Да се носи националниот дрес е чест, без разлика дали се настапува во име на училиште, клуб или репрезентација, а вие тоа го направивте гордо.
СОУ „Ѓорче Петров“ се гордее со Вашите успеси.
Чекорете смело кон нови победи, а ние секогаш ќе навиваме за Вас!
- Published in Спорт
Натпревар за НАЈДОБАР ЕСЕЈ ЗА 2023 ГОДИНА за учениците од средното образование
Во рамки на Државниот натпревар по македонски јазик и литература се одржа и Натпревар за најдобар есеј. Учениците имаа можност да ги испратат своите есеи до 14.06.2023г. до Сојузот на ДМЈЛ.
Учениците пишуваа на следнава тема:
Интимното и универзалното во поезијата на Ацо Шопов
Резултати:
1. Билјана Дуева, СОУ „Богданци“, Богданци, II (втора) година, ментор: Верица Ризовска
2. Андреј Ѓорѓиевски, СОУ „Миле Јаневски-Џингар“, Македонска Каменица, III (трета) година, ментор: Славица Анаќиевска
3. Ангела Илиевска, СОУ ,,Ѓорче Петров“- Крива Паланка, I година, ментор: Лиле Стојановска
Честитки за Ангела Илиевска и проф. Лиле Стојановска,
Нека Ви се множат уште многу успеси и признанија!
- Published in Македонски јазик и литература