Регионален натпревар по Македонски јазик и литература
На ден 17.11.2023 година се одржа Регионален натпревар по Македонски јазик и литература во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ -Куманово, на истиот земаа учество ученици од втора година под менторство на проф. Лиле Стојановска.
Учениците покажаа солидни резултати и ги освоија следниве места:
Димитар Стојановски – Прво место
Ангела Илиевска – Трето место
Браво! Ви посакуваме успех и во следните фази од натпреварувањето.
- Published in Останато
Регионален натпревар по француски јазик – спелување.
На ден 17.11.2023 год. се одржа регионален натпревар по француски јазик – спелување. Натпреварот се одржа во гимназијата Гоце Делчев во Куманово, а учениците ги менторираше проф. Мимоза Ивановска.
На натпреварот учествуваа нашите ученици Матеј Мицевски, Филип Стојановски и Леа Симонова од II година.
Сите учесници обезбедија учество на државен натпревар и ги освоија следниве места:
-Матеј Мицевски освои 2 место
-Филип Стојановски 3 место и
– Леа Симонова 4 место.
Честитки, успеси и понатаму!
- Published in Останато, Странски јазици
Посета на театарската претстава „Слуга на двајца господари“
На ден 14.11.2023 год. дел од учениците од прва, втора, трета и четврта година од нашето училиште имаа можност да посетат театарска претстава во Велес. Најпрвин беше посетена куќата на Кочо Рацин каде што се запознаа со животот и делото на значајниот македонски поет. Го разгледаа ентериерот на куќата, кој изобилуваше со значајни знаменитости што ги поседувал Кочо Рацин, заедно со своето семејство.
- Published in Македонски јазик и литература, Останато
Новинарски клуб во СОУ „Ѓорче Петров“
Младинскиот образовен форум (МОФ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) објавија повик за основање новинарски клубови во основните и во средните училишта од државава. Нашето училиште е едно од десетте средни училишта кои ќе основаат ваков клуб.
Учениците ќе имаат можност да предлагаат и да обработуваат теми коишто се поврзани со образовниот процес и училишните активности, но и со културни, забавни, спортски или други теми кои се од интерес на младите.
Програмата на клубовите ќе ги опфати следните теми:
- Новинарството како професија – што значи да се биде новинар (улогата на новинарството, новинарски стандарди, уредувачка политика);
- Новинарски жанрови (вест, извештај, интервју);
- Медиумска писменост (концепт, елементи, вештини);
- Дезинформации, погрешни информации и штетни информации;
- Проверка на информациите и фото-форензика;
- Нови медиуми;
- Креирање медиумски содржини за различни медиумски платформи.
„Младите размислуваат“ е проект на УСАИД го спроведува американската организација ИРЕКС со своја локална канцеларија во Скопје, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Министерството за образование и наука (МОН) и Бирото за развој на образованието (БРО).
Заинтересираните ученици може да се пријават кај координаторот на клубот проф. Ивана Станковска или со пополнување на следниот формулар:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeCo-bXg7Z-ABuL6XmSdhNDqRJGqJH-DSsxOUNpLKsYgHXuAw/viewform
Ги очекуваме Вашите пријави најдоцна до 17.11.2023г.
- Published in Останато
Посета на Народна банка на Република Северна Македонија
Учениците од трета година од општествено-хуманистичко подрачје имаа можност денеска да ја посетат Народната банка на РСМ и нивниот нумизматичкиот музеј.
Целта на посетата беше учениците да се запознаат: каде точно се наоѓа Народната банка; кои се основните функции на Народната банка; што е ценовна стабилност, што е инфлација, а што девалвација; што се пари, зошто се користат и какви пари постојат; каде и како се прават македонските денари; дали може да направиме денари колку што сакаме; кои се обележјата на нашите пари; од кога се воведени македонските денари; зошто треба да се штеди; дали во Народната банка може да се штеди; која е разликата помеѓу Народната банка и комерцијалните банки; зошто се чуваат девизни резерви и кој управува со нив.
Учениците беа во придружба на предметниот професор Маријана Милковска.
- Published in Останато
Посета на Собранието на РСМ
На ден 08.11.2023 година (среда) учениците од гимназиските паралелки од втора година го посетија Собранието на РСМ.
Имаа можност да се запознаат со функцијата на законодавниот дом на нашата држава, а имаа и увид и во просториите за одржување на седници и работа на пратениците. Учениците беа во придружба на предметниот наставник Татјана Филиповска.
- Published in Останато
Меѓуопштински натпревар во Футсал
На 02.11.2023г. во организација на ОСУС КРИВА ПАЛАНКА во сала “Бранители” се одигра меѓуопштински натпревар во Футсал за машки -средни училишта. Учествуваа екипите на СОУ „Ѓорче Петров“ и СОУ „Митко Пенџуклиски” од Кратово.
Победник е екипата на нашето училиште!
Честитки!
Ви посакуваме успех во понатамошните натпревари.
- Published in Останато
Кратовска комиријада
На ден 28.10.2023 г. (сабота) учениците од угостителско-туристичката струка под менторство на професорите Дане Петровски, Стефан Станоевски и Татјана Анѓеловска учествуваа на манифестацијата Кратовска компиријада која традиционално се одржа по седми пат на Градскиот плоштад во Кратово. На истата учествуваа 136 учесници кои ги презентираа своите специјалитети од компир.
- Published in Останато, Угостителска струка
Саем на книга – Белград 2023
Традиционално последната недела од октомври се одржува Саем на книга во Белград. За првпат наши ученици имаа можност да го посетат овој настан и да се запознаат со најновите наслови на домашната и странска книжевност.
- Published in Останато
Мојот сограѓанин од соседната улица
На конкурсот објавен од страна на Коалиција на граѓански организации – форум на малубројни заедници во Република Македонија, зема учество нашата ученичка Сара Ристовска,
менторирана од страна на проф. Елена Јакимовска. .
Учениците пишуваа есеи на тема: ,,Мојот сограѓанин од соседната улица”. Есеите на учениците се публикувани, а на 18.10.2023г. беа поканети на свечено доделување на награди во Холидеј Ин-Скопје.
- Published in Македонски јазик и литература, Останато