Редуцирај, рециклирај, реупотреби!
Под ова мото нашите креативци менторирани од страна на проф. Роберт Цветковски, испратија порака дека е време да преземеме нешто ако сакаме да живееме во почиста животна средина.За почеток предлагаме да почнеме да ги менуваме навиките во постапувањето со отпадот ,бидејќи немаме резервна Планета!
- Published in Останато
Квиз на знаење
Вториот ден од одбележувањето на Патрон празникот на училиштето го посветивме на ЗНАЕЊЕТО
Шестте тима кои се пласира во финалето го покажаа своето знаење од различни области
Драги ученици покажавте што учите и докажавте дека знаете
СОУ Ѓорче Петров – Крива Паланка инвестира во знаењето на младите и се гордее со секој нивен успех
- Published in Останато
Јазичната разновидност ги зближува луѓето
Под мотото ,,Јазичната разновидност ги зближува луѓето” го започнавме одбележувањето на Патрон празникот на нашето училиште со следнава програма:
-Препев на најпознатите македонски песни ,,Везилка” и ,,Т’га за југ” на странски јазици
– Музички настап на училишниот бенд и хор
– Соло настап на пијанистката Ева Николова
– Ги запознавме англиската, француската, германската и италијанската култура преку повеќејазичен скеч
-Талентираните уметници го збогатија холот со нови карикатури и цртежи
-Промоција на реализирани мобилности преку Еразмус+ и RYCO програмите
Ризница на млади таленти од СОУ Ѓорче Петров – Крива Паланка
- Published in Останато
Светски ден на здравјето – 7 април
Учениците од здравствена струка, медицинска сестра под менторство на професорката Ивана Николовска го одбележаа Светскиот ден на здравјето
На своите врсници им поделија едукативни флаери за здрава храна, ментално здравје и контрацепција, додека пак повозрасните сограѓани имаа можност за мерење на шеќер во крвта и мерење на крвниот притисок.
- Published in Здравствена струка
Патрон празник на училиштето
Почитувани ученици, родители, сограѓани – добредојдени сте сите!
Ве очекуваме заедно да го одбележиме Патрон празникот на нашето училиште
- Published in Останато
Франкофонијата ја истражува Северна Македонија
Сто ученици од 6 различни франкофонски градови учествуваа на националната франкофонска манифестација под мотото Франкофонијата ја истражува Северна Македонија која се одржа на 31.03.2023 (петок) во Центарот за култура – Крива Паланка со почеток од 17 часот..
Нашите ученици се претставија со скечот:
Дипломиран без идеја!
Тимот го предводеа проф.Мимоза Ивановска и проф. Сашка Младеновска
Учество земаа следниве ученици од прва и трета година:
1. Андреј Тасевски
2. Тони Димитровски
3. Горана Симонова
4. Лара Стевановска
5. Симона Стојановска
- Published in Странски јазици
Регионален натпревар за стручно образование – електротехничка, машинска и сообраќајна струка
На 25.03.2023г. нашето училиште беше домаќин на регионалниот натпревар за стручно образование.
Учество земаа училиштата од општините: Крива Паланка, Куманово, Кочани и Штип, и тоа од следните профили: електротехничар за компјутерска техника и автоматика, електротехничар енергетичар, техничар за компјутерско управување.
Сите учениците се пласираа на државниот натпревар.
Според струки постигнати се следниве резултати:
Им посакуваме успех и на претстојниот државен натпревар!
- Published in Електротехничка струка
YES Europe III – завршна мобилност
Во период од 20-24 март 2023г., се реализираше и последната мобилност од проектот: Yes Europe III – младите студираат и работат во Европа.
Нашето училиште СОУ „Ѓорче Петров“ како домаќин ја предводеше оваа мобилност во соработка со партнер училиштата: GO! atheneum Leuven- Белгија (партнер); 19. СУ “Елин Пелин“ – Бугарија (партнер) и Karl Schiller Berufskolleg – Германија (координатор).
Учесниците имаа прилика да го посетат нашето училиште, компании и институции од државата.
Научивме како се студира, како се бара работа и сместување во нашата држава. Но, сепак имавме и тим билдинг и заеднички го прославивме интернационалниот ден на среќата.
Ова беше едно интересно искуство како за нас така и за нашите партнери.
Голема благодарност до сите кои ни помогнаа овој проект успешно да се реализира!
1. Семос Едукација – Скопје
2. Вивакс ДОО – Скопје
3. Bellmondo – Крива Паланка
4. Меѓународен балкански универзитет – Скопје
5. Факултетот за туризам и угостителство – Охрид
6. ЛУ Градски музеј – Крива Паланка
7. Европска куќа – Крива Паланка
- Published in Еразмус
РЕГИОНАЛНО ПРВЕНСТВО ВО КОШАРКА ЗА СРЕДНИ УЧИЛИШТА
На ден 24.03.2023 год. (четврток) се одржа регионално првенство во кошарка за средни училишта во СОУ Коле Нехтенин – Штип на кое учествуваа и наши ученици под менторство на проф. Ведран Белешковски и проф. Мартин Стаменковски.
Беа постигнати следниве резултати:
1. СОУ Јосиф Јосифов – Гевгелија 17 : 45 СОУ Ѓорче Петров – Крива Паланка
2. СОУ Коста Сусинов – Радовиш 21 : 51 СОУ Методи Митевски Брицо – Делчево
3. СОУ Методи Митевски Брицо -Делчево 22 : 53 СОУ Ѓорче Петров – Крива Паланка
Честитки, продолжете да нижете успеси!
- Published in Спорт
Завршна сметка 2022 год.
Подолу можете да ја најдете завршната сметка на СОУ „Ѓорче Петров“ за 2022 година.